Турција

„Веднаш по нападот, Турција беше таму, но не поради пари, туку поради хуманоста“

„На местата каде што ние одиме, никогаш не одиме поради наша корист, не одиме тамо поради доларот, ниту поради парите. Ние таму одиме поради хуманост, братство. Во тоа е разликата“

Coşkun Ergül  | 17.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
„Веднаш по нападот, Турција беше таму, но не поради пари, туку поради хуманоста“

Ankara

АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Анкара порача дека турските екипи само неколку часа по терористичкиот напад во Сомалија беа таму, и оти тие не пристигнале таму заради лична корист и интерес, туку заради хуманоста и братството, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим говореше на редовниот состанок во парламентот, во име на Партијата за правда и развој (AK Parti) во Анкара. На пратениците требаше да им се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, воедно и претседател на партијата, но бидејќи тој е во посета на Полска, должноста ја презеде премиерот Јилдирим.

Јилдирим зборуваше за терористичкиот напад во саботата во главниот град на Сомалија, Могадишу, каде што според последните информации загинаа најмалку 300 лица, а хоспитализирани се околу 300 повредени.

„Стотици луѓе загинаа во експлозијата во Сомалија. Неколку часа подоцна, таму беше само Турција, само турскиот министер, медицинската екипа, ние бевме таму. Од Сомалија, најмалку 35 повредени беа префрлени во Турција, каде што беше започнато нивното лекување“, рече Јилдирим.

Тој додаде дека доколку не постоела болницата изградена од Турција, ранетите во терористичките напади не би можеле да се лечат и порача: „На местата каде што одиме ние, никогаш не одиме поради наша корист, не одиме таму поради долари, ниту пак за пари. Ние одиме таму поради хуманост, поради братство. Во тоа е разликата“.

Турскиот премиер уште еднаш го осуди овој терористички чин, велејќи дека тероризмот е заеднички проблем и претставува закана за целото човештво.

„Различните стандарди и лицемерните постапки во однос на тероризмот не придонесуваат за негово уништување, туку за негово дополнително ширење. Како држава којашто веќе 40 години се бори против тероризмот, отсекогаш велевме дека ниту една земја, ниту еден град, не може да се чувствува безбедно. Тероризмот секогаш може да тропне на вратата. Затоа, неопходно е да се бориме против него со заедничка борба“, порача Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın