Турција

„ДЕАШ однатре е празнa творба, неговото настанување и исчезнување е полно со тајни“

Турскиот претседател денес се обрати на редовниот состанок на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара, а во таа пригода се осврна на актуелните случувања

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
„ДЕАШ однатре е празнa творба, неговото настанување и исчезнување е полно со тајни“

TBMM

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека терористичката организација со години е претставувана како едно непобедливо чудовиште, и оти Турција успеала да докаже дека се работи за едно однатре празна творба. Ердоган порача дека процесот на настанување и исчезнување на ДЕАШ е полн со тајни и прашалници, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој денес зборуваше на редовниот состанок на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара, а во таа пригода се осврна на актуелните случувања.

Зборувајќи за ударот на терористичката организација ФЕТО на правниот систем во неговата земја, во период од 17 до 25 декември 2013 година, турскиот претседател изјави дека под одеждата на законот е направена една од најголемите замки во историјата на земјата.

„Благодарение на нашиот правилен став и способноста на нашиот народ да ја препознае таа замка, таа беше безуспешна, но отидоа и истото го направија во САД. Но, сѐ уште постојат оние што нѐ обвинуваат преку устата на ФЕТО, причина за тоа може да биде само нивната улога во истата таква замка“, рече Ердоган, и додаде: „ФЕТО го исфрливме од нашата татковина, но гледаме дека таа терористичка организација слободно дејствува во својата татковина“.

Тој изјави дека е јасно оти зад подмолните закани кон Турција се наоѓаат политички и економски цели, и порача: „Турција не е една од земјите со коишто вие си играте како со играчка“. Осврнувајќи се на борбата против терористичката организација ДЕАШ, Ердоган изјави дека Турција веќе подолго време укажува на грешките во регионалната политика на САД, земја што Турција ја смета за сигурен сојузник.

„Процесот на самото настанување и исчезнување на ДЕАШ е полн со тајни и прашалници.

Зборувавте дека сте го 'исчистиле ДЕАШ', а зошто сѐ уште камионите полни со оружје доаѓаат во северниот дел на Сирија или Сирија? Зошто тоа сѐ уште трае? Против која земја вие го вршите ова вооружување на северниот дел на Сирија или Сирија? Зошто тоа го правите? Тоа мора да го појасните. Проблемот е друг. Ние знаеме, всушност, што е што. Така ќе ги направиме и нашите чекори. Нека не очекува никој дека Турција ќе седи со врзани раце додека се работи за сценарија што се однесуваат на неа“, порача Ердоган.

Тој изјави дека успехот на Турција остварен за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, бил првиот чекор што го гасеше балонот наречен ДЕАШ.

„ДЕАШ со години е претставуван како непобедливо чудовиште, а Турција и покрај големиот број препреки што пред неа се поставувани на теренот, покажа колку ДЕАШ е творба празна однатре“, изјави Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın