Турција

„Западните медиуми не го прикажуваат коректно процесот на референдумот“

„Овој систем е многу отворен и јасен, и е од голема корист за Турција. Додека се разјаснуваат границите на овластувањата, ќе се зајакне независноста и објективноста на судот“

Ekipa  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
„Западните медиуми не го прикажуваат коректно процесот на референдумот“

Ankara

АНКАРА (АА) – „Сегашниот Устав на Турција му дава премногу овластувања на претседателот без да има обрска за давање отчет, без одговорност како и без судска ревизија“, истакна турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во своето интервју за новинската интернет-страница Бејтбарт.

Во видеоинтервјуто за Бејтбарт, министерот Чавушоглу на прашањето дали референдумот за предвидените промени во владиниот систем ќе создадат слично управување како во САД, го даде следниот одговор: „Овластувањето ќе биде во рацете на народот, според волјата на народот. Народот ќе одлучи кој ќе ја формира владата и на секои избори директно, сам ќе ја формира владата. Волјата ќе биде само на народот, на никој друг“.

- „Овој систем е од голема корист за Турција“ -

„Овој систем е многу отворен и јасен, и е од голема корист за Турција. Додека се разјаснуваат границите на овластувањата, ќе се зајакне независноста и објективноста на судот, што ги определува главните црти на демократијата“, рече Чавушоглу.

- „За жал, западните медиуми не го прикажуваат правилно процесот на референдумот“ -

„За жал, западните медиуми не го прикажуваат правилно процесот на референдумот“, истакна Чавушоглу и нагласи дека референдумот се соочува со разни пречки.

Тој посочи дека некои медиумски институции во земјите од Европската Унија (ЕУ) одлучиле да интервенираат во процесот и во политиката околу референдумот и рече: „Оваа интервенција имаше контраефект. Гласовите „да“ се зголемија по обидот на некои политичари и медиуми од западните земји да се вклучат и да се вмешаат во процесот на референдумот“.

„Некои политичари заземаат страна. Не мислам дека овие политичари заземаат страна затоа што ја сакаат Турција, се обожаватели на муслиманите или пак мислат за иднината како и за стабилноста на Турција. Тие се мешаат во внатрешната политика на земјата“, рече Чавушоглу, укажувајќи на тоа дека проблемот не е само во западните медиуми.

Чавушоглу истакна дека оваа интервенција предизвика контрареакција, што доведе до зголемување на гласовите „да“ во Турција. Тој изјави дека медиумите со левичарска идеологија од Америка и од Европа се исти и ги осуди американските и меѓународните медуими поради заземањето страна против Ердоган пред претстојниот референдум во Турција.

„Левичарските медиуми во САД и во Европа не ги претставуваат како цел само претседателот Ердоган и претседателот Доналд Трамп. Цел на овие медиумски институции се сите моќни десничарски политики. Меѓу нив е и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а сега на ред дојде и Полска. Тие ги мразат моќните десничарски влади“, рече министерот за надворешни рабoти на Турција, Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.