Турција

„Маслинова гранка“: Турските сили ослободија повеќе села и база кај Африн

Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин ослободија вкупно 72 точки, вклучувајќи го и центарот на градот, 453 села и 18 стратешки важни планини и ридови

Ekipa  | 19.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
„Маслинова гранка“: Турските сили ослободија повеќе села и база кај Африн

Ankara

АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција и на Слободната сириска војска ги ослободија од терористите на ПЈД/ПКК селата Илкидам, Шалтах и Мерсевa во сирискoто погранично подрачје на Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинарот на АА јавува дека турската војска и силите на сириската опозиција во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“ целосно ги ослободиле селата кои се наоѓаат северно од градот Aфрин и дека продолжуваат да напредуваат кон внатрешноста на тој сириски регион.

Исто така, во рамките на операцијата, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободени се и селата Хантали и Диван Тахтани, како и рид и точка која терористите ја користеле како база во сирискиот пограничен регион.

Ослободен е и еден стратешки важен рид во подрачјето на Раџ, кој се наоѓа западно од центарот на Африн, како и стратешки значајниот рид Кила, потоа селцето Сатуф и местото Бејада, каде што била лоцирана базата на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.

Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн ослободија вкупно 78 точки, вклучувајќи еден град, 56 села и 20 важни планини и ридови и една терористичка база.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите на режимот на Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın