Турција

„Нема загинати, ниту повредени цивили во операцијата 'Маслинова гранка'“

„Досега, за време на операциите на турските вооружени сили, не загина и не е повреден ниту еден цивил“, истакна турскиот заменик премиер Боздаг

Fatih Hafız Mehmet  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
„Нема загинати, ниту повредени цивили во операцијата 'Маслинова гранка'“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот заменик премиер, Бекир Боздаг, денес изјави дека за време на операцијата „Маслинова гранка“, која се спроведува во Сирија, немало убиени или повредени цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Боздаг, кој беше гостин на уредничкиот деск на АА, за новинарите изјави: „Досега, за време на операциите на турските вооружени сили, не загина и не е повреден ниту еден цивил“.

Боздаг исто така изјави дека борбата на Турција против терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн, во близина на турската граница, обезбедува огромна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

Секој кој ја поддржува и штити терористичката организација ПЈД/ПКК, вклучувајќи ги САД, ќе се соочи со одговор од Турција, вели Боздаг.

САД ги нарече ПЈД/ПКК сигурен сојузник во борбата против ДЕАШ, и покрај силните приговори на Турција, која документираше дека групата е огранок на терористичката организација ПКК.

„Доколку (сирискиот) режимот таму ја смени униформата и ја стави маската на ЈПГ/ПЈД, тие ќе станат цел. Ако тоа го направат милитантите, нема да се прави разлика. Кој ѝ да застане покрај терористичката организација во борбата против турските сили, тој за нас ќе претставува мета“, порача Боздаг.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın