Турција

„ТИКА во последните 3 години реставрира 100 објекти на Балканот“

Вицепремиерот Чавушоглу соопшти дека Генералната дирекција на фондации сѐ уште работи на 53 проекти на Балканот, додавајќи дека ТИКА во последните 3 години изврши реставрација на 100 културни објекти и објекти на фондацијата

Ekipa  | 22.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
„ТИКА во последните 3 години реставрира 100 објекти на Балканот“

Ankara

АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Владата на Турција, Хакан Чавушоглу, беше гостин на денешниот уреднички колегиум на АА, на кој, меѓу другото, стана збор и за проектите што Турција преку Генералната дирекција на фондации и ТИКА ги води на балканските простори, јавува Anadolu Agency (AA).

На едно прашање во врска со заштитата на историските објекти надвор од Турција, вицепремиерот Чавушоглу изјави дека реставрацијата и одржувањето на историските и културните објекти надвор од Турција се спроведува од страна на Генералната дирекција на фондации и ТИКА.

Вицепремиерот Чавушоглу истакна дека Генералната дирекција на фондации и ТИКА се две значајни организации коишто се најдобар пример за човечката дипломатија во светот. Тој рече дека овие две организации ја прикажуваат Турција во најдобра светлина.

Тој соопшти дека Генералната дирекција на фондации сѐ уште работи на 53 проекти на Балканот, додавајќи дека ТИКА во последните 3 години изврши реставрација на 100 културни објекти и објекти на фондацијата.

Чавушоглу рече дека ТИКА продолжува да спроведува проекти за реставрација на 30 објекти на Балканот, меѓу кои се Мустафа-пашината џамијата во Скопје, куќата на таткото на Ататурк во Коџаџик, средното воено училиште во Битола, џамијата „Емин-паша“ во Призрен, медресата „Караѓоз“ во Мостар.

Чавушоглу истакна дека е завршена реставрацијата на мостот на Дрина, кој е признаен како едно од делата на Мимар Синан, изработен во 1577 година. Тој нагласи дека на отворањето на мостот ќе присуствува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.