Турција

„Турција е голем залак и не можете да го проголтате со своите игри"

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека е свесен за кризните сценарија кои се обидуваат да ги исценираат во регионот, и истакна дека Турција е голем залак кој не е можно да се проголта со таквите игри

İlkay Guder  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
„Турција е голем залак и не можете да го проголтате со своите игри"

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека е свесен за кризните сценарија кои се обидуваат да ги исценираат во регионот, и истакна дека Турција е голем залак кој не е можно да се проголта со таквите игри, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган го честиташе престојниот празник Рамазански бајрам на сите муслимани во Турција, но и во светот, велејќи дека муслиманите го оставаат зад себе Рамазан и со нова надеж го дочекуваат Рамазанскиот бајрам. Во остатокот од пораката се освррна на ситуацијата во регионот.

„Свесни сме за игрите кои се играат во Сирија и Ирак, исто така ги забележуваме сценаријата на криза кои се обидуваат да се исценираат во регионот. Но, се надеваме дека сите се свесни на оваа стварност. Турција е доволно голем залак кој не е можно да се проголта со овие игри. Одлучни сме на терен да го дадеме нашиот одговор на оние кои мислат дека низ овие игри можат да ја земат нашата земја”, порача Ердоган.

Тој додаде дека ќе биде доцна кога ќе ги сфатат своите грешки оние кои имаат лоши намери кон територијалниот интегритет и националното единство на Турција, како и нивните платеници.

„Територијата на која денес живееме ја добивме како татковина која е натопена со крвта на нашите предци. Нашата задача е на идните генерации да им оставиме силна, просперитетна, стабилна и сигурна земја. А за тоа ќе продолжиме да работиме деноноќно”, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.