Турција

Чавушоглу се сретна со својот колега од Кувајт

Се одржа средба меѓу министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Кувајт, шеикот Халид ел-Хамад ес-Сабах

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 15.06.2017 - Обновена : 16.06.2017
 Чавушоглу се сретна со својот колега од Кувајт

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со вицепремиерот на Кувајт и министер за надворешни работи на Кувајт, шеикот Сабах Халид ел-Хамад ес-Сабах, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од дипломатски извори, министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, кој е во официјална посета на Кувајт, се сретна со својот кувајтски колега, со кој разговараше за последниот развој на настаните околу кризата меѓу Катар и некои арапски земји.

Чавушоглу подоцна го напушти Кувајт, со цел да учествува на програмата во Анкара.

Вчера, турскиот министер Чавушоглу, заедно со Нихат Зејбекчи, министер за економија на Турција, допатува во официјална посета на Катар, каде што имаше официјални средби на коишто стана збор за последните случувања со кризата во Заливот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.