Турција

Anadolu Agency издаде прирачник за известување за тероризам

Прирачникот насловен „Како се пишуваат вести за тероризам во десет наслови“, подготвен е со цел да придонесе за изедначен говор во медиумите во контекст на известувањето за тероризам

Sinan Uslu  | 23.06.2017 - Обновена : 24.06.2017
Anadolu Agency издаде прирачник за известување за тероризам

Ankara

АНКАРА (AA) - Anadolu Agency (AA) издаде прирачник за известување за тероризам и за начинот на пишување вести на оваа тема.

Прирачникот насловен „Како се пишуваат вести за тероризам во десет наслови“, подготвен е со цел да придонесе за изедначен говор во медиумите во контекст на известувањето за тероризамПрирачникот е наменет за вработените на АА; но и за сите други заинтересирани лица од областа на новинарството.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Anadolu Agency (AA), Шенол Казанџи, истакна дека прирачникот е подготвен во согласност со медиумските практики во демократски развиените земји.

„Во последните години, терористичките организации ПКК, ДЕАШ, ФЕТО и ДХКП-Џ, едноподруго изведуваа напади во коишто загинаа голем број невини цивили. Главната цел на овие напади на терористичките организации е да се наруши спокојот на турскиот народ и да се нанесе штета на економијата на земјата. Медиумите во Турција, повремено, поради грижата за новинарството пишуваа вести кои им служеа на целите на терористичките организации... Ние, поради тоа, во согласност со медиумските практики во демократски развиените земји, одлучивме за турските медиуми да подготвиме прирачник со наслов „Како се пишуваат вести за тероризам во десет наслови“, рече Казанџи.

Во прирачникот е нагласено дека за време на известувањето за тероризам, медиумите не треба да се водат според принципите на конкуренцијата, рејтингот и тиражот, туку според новинарската одговорност.

Во прирачникот се потсетува на изјавата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, која своевремено изјави дека пропагандата е кислород за тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.