Турција

Анталија: Туристите во ист ден уживаа во морето и во снегот

Додека едните одлучија да се искапат во морето, другите уживаа во снегот на блиската планина Тахтали

Yunus İçen  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Анталија: Туристите во ист ден уживаа во морето и во снегот

Antalya

АНТАЛИЈА (AA) - Домашните и странските туристи во Кемер, во турската област Анталија, во ист ден уживаа во морето, но и во снегот на планината Тахтали, јавува Anadolu Agency (AA).

Дневната температура на воздухот во Кемер изнесуваше 18 степени Целзиусови, а температурата на морето 16 степени.

Туристите на брегот од морето уживаа во сончевото време. Додека едните уживаа во морето, другите се одлучија да читаат книга на брегот. Многумина времето го поминуваа со семејството и со пријателите во парковите или со спортски активности.

Освен тоа, некои одлучија да ја посетат планината Тахтали, висока 2.365 метри, а на врвот можеа да дојдат со жичарницата за само 12 минути. Тука се фотографираа, а некои од нив дури и се сончаа на лежалките. Повеќето посетители се туристи од Иран и од Јужна Кореја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın