Турција

Бегалците во Турција сонуваат за враќање во Сирија без терористи

Бегалците ѝ се благодарни на Турција, на Владата и народот на оваа земја, за поддршката што им ја дадоа. Бегалците поради притисокот и присуството на терористичката организација ПЈД/ПКК не можат да се вратат дома.

Halil Fidan  | 16.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Бегалците во Турција сонуваат за враќање во Сирија без терористи

Şanlıurfa

ШАНЛИФУРА (АА) - Халил Фидан -

Сиријците кои поради нападите на терористичката организација ПЈД/ПКК и војната во татковината побараа засолниште во Турција, сонуваат за денот кога ќе се вратат во своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).

Околу 30.000 Сиријци, од кои поголемиот дел Курди, коишто побегнаа од Кобани и Мунбиџ во Сирија, сега се сместени во бегалската населба во Шанлифура, Турција.

Бегалците ѝ се благодарни на Турција, Владата и народот на оваа земја, за поддршката што им ја дадоа. И покрај тоа што во близина на нивните домови во Сирија нема судири, бегалците поради притисокот и присуството на терористичката организација ПЈД/ПКК, не можат да се вратат дома.

Умје Меџид, која во Турција пребегна со сопругот, ќерката и нивното бебе, рече дека Сирија многу им недостасува и смета дека дошло време да се воспостави мир во таа земја.

Во војната, во која им е уништена и куќата, изгубила и многу драги лица.

„Прво, поради судирите во Алепо побегнавме во Мунбиџ, кој потоа беше окупиран од страна на ПЈД. Поради нивниот притисок, моравме да ја напуштиме земјата. Тука сме две години“, вели Умје која додаде дека луѓето во Турција убаво се однесуваат кон нив.

И покрај сите убави работи во Турција, изјави дека сакаат да се вратат во Сирија, но дека моментално тоа не е можно, поради тоа што припадниците на ПЈД се присутни на границата од двете земји.

„За да се вратат луѓето дома, ПЈД мора да се повлече од тоа подрачје. САД вели дека е против Асад, бидејќи врши насилство врз луѓето, а им дава секаков вид поддршка на ПЈД која го следи истиот пат“, додаде таа.

Хејсем Амура, кој е просветен работник во бегалската населба, изјави дека како и многуте други Сиријци, по судирите на ДЕАШ и ПЈД, и тие побарале засолниште во Турција.

Тој истакна дека по повлекувањето на ДЕАШ се вратиле во куќата, која повторно морале да ја напуштат, поради лошото однесување на припадниците на ПЈД кон нив.

„Знаеме дека со „Штитот на Еуфрат“ се ослободени многу места, меѓу кои се наоѓа и Џарабулус. Кога разговараме со познаниците од тоа подрачје, велат дека се на безбедно. Сакаме Турција да ја направи истата работа и за другите региони“, изјави Амура кој додаде дека очекуваат и Идлиб, Мунбиџ, Африн и Кобани да бидат ослободени од ПЈД и ДЕАШ.

Тој додаде дека сакаат што побрзо да се вратат во своите домови.

„Веќе подолго време ПЈД се вооружува со помош на САД и други земји. Во Африн, Мунбиџ и Ајн ел Араб, ПЈД ги приморува луѓето на миграции и се однесува лошо кон нив. Сакаме оваа организација да си оди“, истакна тој.

Евин ел Мустафа, бегалец од Ајн ел Араб, изјави дека поради припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, не можат да се вратат дома.

Загрижен е и што САД ја поддржува оваа организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.