Турција

Во акција на турските сили во северен Ирак неутрализирани шест терористи

Турскиот Генералштаб соопшти дека продолжува неутрализирањето на упориштата на терористите во северниот дел на Ирак

Sarp Özer  | 07.01.2018 - Обновена : 08.01.2018
Во акција на турските сили во северен Ирак неутрализирани шест терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (TSK) извршија воздушна интервенција на подрачјето Кани Раш, во северниот дел на Ирак, во која се неутрализирани шест терористи кои подготвувале напад на граничните единици и базното подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот Генералштаб соопшти дека продолжува неутрализирањето на упориштата на терористите во северниот дел на Ирак.

Авионите, по извршеното бомбардирање на упориштето на терористите на ПКК се вратија во базата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın