Турција

Во Истанбул започна тридневната работилница Istanbul Photo Awards Workshop

Работилницата е организирана и во соработка меѓу АА и Академијата за уметност на универзитетот „Мимар Синан“, а во неа ќе учествуваат млади фоторепортери и студенти од овој универзитет

Meltem Bulur  | 24.03.2017 - Обновена : 25.03.2017
Во Истанбул започна тридневната работилница Istanbul Photo Awards Workshop

Ankara

АНКАРА (АА) - Во рамките на Меѓународниот натпревар за најдобра фотографија Istanbul Photo Awards, кој трета година по ред го организира Anadolu Agency (AA), оваа година во Истанбул за првпат е организирана работилница под назив Istanbul Photo Awards Workshop.

Istanbul Photo Awards, чии спонзори се „Туркиш ерлајнс“ (THY) и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), оваа година воведе и нова категорија и програми Istanbul Photo Awards Workshop и Istanbul Photo Awards Talks, со што Istanbul Photo Awards прерасна во фотографски настан во траење од неколку дена.

Работилницата е организирана и во соработка меѓу АА и Академијата за уметност на универзитетот „Мимар Синан“, а во неа ќе учествуваат млади фоторепортери и студенти од овој универзитет.

За време на тридневната работилница, фоторепортерите од меѓународната фотоагенција „Ноор“, Јури Козирев и Станли Грин ќе се обидат да им ги пренесат своите искуства и знаења на младите таленти. Тие исто така ќе учествуваат и на програмата Istanbul Photo Awards Talks.

Уредникот на визуелните вести на АА, Ахмет Сел, изјави дека во рамките на работилницата, двајца светски познати фоторепортери ќе им ги пренесат своите искуства во областа фотографија на младите таленти.

„Една од мисиите на АА е, секако, развој на новинарската фотографија. На тој начин, освен на нашиот персонал, сакаме да им дадеме шанса и на другите млади фоторепортери. Сметам дека работилницата е важна од причина што ние всушност сакаме да ја развиеме новинарската фотографија, во смисла таа да стигне до поширока маса, на која ќе ѝ ги раскажеме човечките приказни, а за тоа ни се потребни квалитетни и искусни фоторепортери“, изјави Сел.

Жирито составено од угледни имиња од светот на фотографијата, вчера ги избра победниците на меѓународниот натпревар за најдобра фотографија Istanbul Photo Awards 2017.

По тридневното размислување на жирито во турската Кападокија, во сабота на 25 март, ќе им бидат доделени наградите во вредност од 133.000 долари на победниците во осум категории, како и наградата „Најдобар млад фоторепортер“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın