Турција

Во станот на член на ФЕТО пронајдено оружје за атентат

Припадниците на турската полиција за време на претресот во станот на обвинет за членство во терористичката организација ФЕТО пронајдоа функционално огнено оружје во форма на пенкало

Emrah Yaşar  | 11.08.2017 - Обновена : 12.08.2017
Во станот на член на ФЕТО пронајдено оружје за атентат

Eskisehir

ЕСКИШЕХИР (АА) - Припадниците на турската полиција за време на претресот во станот на обвинет за членство во терористичката организација ФЕТО пронајдоа функционално огнено оружје во форма на пенкало, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што беше соопштено од страна на полицијата во Ескишехир, градот во кој на 31 јули беа уапсени 23 лица осомничени за членство во терористичката организација ФЕТО, дополнително беа извршени претреси во становите на осомничените, а потоа и обвинети лица.

Во станот чиј сопственик е педесетгодишниот М. А. О., пронајдено е пенкало со механизам за смртоносно дејствување. Како што соопшти полицијата, оружјето поради својата големина и можноста да се носи насекаде, веројатно било подготвувано за атентат.

М. А. О. беше лишен од слобода како дел од истрагата за фирмите на ФЕТО за осигурување на лица и имот, но беше ослободен да се брани од слобода.

За него беше откриено дека ја користел апликацијата „ByLock“ (БајЛок), која терористите на ФЕТО ја користеа за меѓусебно да комуницираат.

Мобилниот телефон на којшто е инсталирана апликацијата, како што соопштија од полицијата, моментално го користи синот на обвинетиот, кој е надвор од границите на Турција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın