Турција

Декларација за укинување на трговските препреки помеѓу Турција и Русија

Овој документ се смета за значаен чекор во нормализацијата и развојот на економските и трговските односи на двете земји, како и зголемување на моменталниот обем на трговија

Ekipa  | 22.05.2017 - Обновена : 23.05.2017
Декларација за укинување на трговските препреки помеѓу Турција и Русија

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - По билатералниот состанок на турскиот премиер, Бинали Јилдирим и неговиот руски колега Дмитри Медведев, потпишана е декларација за укинување на санкциите и препреките во трговските односи на Турција и Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).

Билатералниот состанок е одржан во рамките на Самитот по повод одбележување на 25. годишнина од основањето на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC).

Декларацијата ја потпишаа заменик турскиот премиер Мехмет Шимшек и заменик премиерот на Русија, Аркади Довркович. Овој документ се смета за значаен чекор во нормализацијата и развојот на економските и трговските односи на двете земји, како и зголемување на моменталниот обем на трговија.

Односите меѓу Турција и Русија беа сериозно нарушени откако турски борбени авиони на 24 ноември 2015 година пресретнаа, а потоа го соборија рускиот авион Su-22, кој го наруши турскиот воздушен простор во пограничното подрачје со Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин притоа нареди санкции на прехрамбените производи, крај на безвизниот режим и ги повика руските туристи да не летуваат во Турција.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на посетата на Москва во март, откако беа потпишани низа билатерални договори помеѓу Турција и Русија, истакна дека очекува Русија во потполност да ги отстрани ограничувањата врзани за односите со Турција.

Рускиот претседател, Владимир Путин, тогаш истакна дека наскоро ќе бидат укинати сите рестрикции кон Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın