Турција

Државниот удар на ФЕТО планиран уште во 1990 година

Високопозиционираните офицери, членови на ФЕТО, уште во 1990 година планирале да извршат државен удар, но бидејќи не дошло до него „зборувале дека извршувањето на државен удар, во време на секоја друга власт, би било многу полесно“

Ekber Türkoğlu  | 29.09.2016 - Обновена : 30.09.2016
Државниот удар на ФЕТО планиран уште во 1990 година

Tokat

ТОКАТ (АА) - Истрагата на турската полиција во Токат покажа дека терористичката организација ФЕТО, односно т.н паралелна структура инфилтрирана во институциите во Турција, уште од далечната 1990 година планирала да изврши државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).

Истрагата покажа дека терористичката структура ФЕТО уште тогаш, во средните и високите воени училишта ги подготвувала луѓето да извршат државен удар. Во пронајдената документација стои дека учениците се запишувани на школување во воените училишта, а подоцна како образовен кадар се поставувани на важни позиции, за во иднина, независно од политичките опции што ќе бидат на власт, полесно и поефикасно да извршат државен удар, односно да ја преземат цивилната власт во земјата.

Државното обвинителство во Токат започна истрага за терористичките структури на ФЕТО/ПДЈ во војската. По три дена од истрагата и сослушување на сведоците на обвинителството, дојде до споменатите сознанија. Во рамките на истрагата, донесена е одлука за претрес, запленување на имотот и приведување на девет високопозиционирани офицери. Обвинителството исто така од Казнениот суд во Токат побара да издаде налог за апсење.

Истрагата покажа дека некои од приведените за време на кариерата служеле како воени аташеа во странство.

Обвинителството исто така соопшти дека другата истрага покажала дека во текот на 1990 година, 22 високопозиционирани офицери за време на школувањето во средните и високите воени училишта биле членови на терористичката организација ФЕТО. Тие во неколку наврати имале лични средби со водачот на таа организација, Фетула Ѓулен. Споменатите офицери уште тогаш го испланирале државниот удар, но во 1990 година не дојде до него.

Со истрагата е утврдено дека меѓу споменатите студенти, односно припадниците на ФЕТО, кружеле приказни дека државниот удар кај секоја наредна, легално одбрана влада, ќе биде полесно изводлив.

„Кога студентите на воените училишта биле на отсуство за викенд, заминувале во станови каде што ги слушале предавањата на „постарите браќа“, т.е. највисоко рангираните лица во една ќелија на ФЕТО. Тие лица проникнувале со цел да ја откријат областа на интерес на ученикот за што повеќе да се зближат со нив. Главната цел била на учениците да им се наметне догма, според која Ѓулен е спасител на верата и на човештвото во овој век. Така учениците би биле сосема зацврстени во терористичката структура, би биле уверени во она што им е сервирано и би доаѓале до точка од која повеќе нема враќање. Со цел да се зацврсти структурата и да се воздигне Фетула Ѓулен, користена е верата и пратеникот на исламот, Мухамед. Со цел јакнење на улогата на Ѓулен, злоупотребено е името на пратеникот на исламот Мухамед, на студентите во тој период им се давани прашања за испитите во службите, а се зборувало дека прашањата на Ѓулен му ги донесуваат џините (духовни интелигентни суштества)“, се наведува во соопштението на државното обвинителство на Турција.

Од обвинителството истакнуваат дека еден од сослушаните сведоци во тоа време ја извршувал функцијата на „имам“ во структурата на ФЕТО. Нему, за образование му биле доверени 19 ученици на воените училишта. Тие ученици во потполност се вклучени во структурата и доделени им се кодни имиња, што инаку беше обичај за припадниците на ФЕТО кои биле воени лица.

Во соопштението на обвинителството се истакнува дека при апсењето на осомничените лица бил започнат истовремен претрес на имотот на повеќе места.

Терористичката организација ФЕТО е глобална мрежа и покрај за Турција, претставува опасност за секоја земја во која дејствува преку образовните институции, здруженија или компаниите што работат во разни сектори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın