Турција

Ердоган: 54 години чекаме на вратите на ЕУ

На ппрашањето за процесот за пристапување во Европската унија (ЕУ), потсети дека Турција веќе 54 години чека на вратите на оваа меѓународна организација

Canberk Yüksel  | 20.09.2017 - Обновена : 21.09.2017
Ердоган: 54 години чекаме на вратите на ЕУ ( Foto: Kayhan Özer/AA )

New York

ЊУЈОРК (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Глобалниот бизнис форум Bloomberg (Блумберг) на присутните им рече дека од Ирак преку терористичките органзиации во Сирија стаса поддршка од преку три илјади шлепери, вклучувајќи тенкови, артилерија, оклопни возила и муниција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сега јас, како Турција, размислувам: кој може да гарантира дека сето ова тешко вооружување, кое стаса во Сирија, утре нема да биде употребено против мене?", рече Ердоган.

Се осврна и на соработката на Соединетите Американски Држави (САД) и терористичката организација ПЈД/ПКК.

„Оваа терористичка организација е продолжена рака на терористичката организација ПКК во Турција. ПЈД/ЈПГ е терористичка организација со која Америка во операцијата во Рака заедно води борба против терористичката организација ДЕАШ. Не можам да разберам како земја која верува во демократија соработува со една терористичка организација за да уништи друга", рече Ердоган.

На прашањето за процесот за пристапување во Европска унија (ЕУ) потсети дека Турција веќе 54 години чека на вратите на оваа меѓународна организација.

„На Турција всушност ѝ е наметнат политички ембарго. Не ни ја кажаа вистината во текот на овој процес. Нè лажеа. Не ја испратија помошта која ја ветија, ниту испраќаат", рече Ердоган додавајќи дека очекува ЕУ да донесе одлука во врска со односите со Турција.

„Нека ни ги затворат вратите и ние лесно ќе донесеме одлука. Не сме ниту заинтересирани, и тоа да ви го кажам, но тие сакаат Турција да избега. Е, не може така, ние никогаш не бевме оние кои бегаат од рингот. Нека тие бидат оние кои бегаат. Нека донесат одлука. Ние лесно ќе донесеме наша одлука", порача Ердоган.

Коментираќи го прашањето за референдумот за независност кој властите на Курдската регионална управа на северот на Ирак го најавија за 25 септември, а Парламентот и Владата на Ирак го забранија, порача дека властите на Курдската регионална управа на северот на Ирак со овој чекор прават грешка.

„По враќањето во Турција, на 22 септември, во петок, во Анкара ќе одржиме седница на Советот за национална безбедност на Турција. На седницата ќе донесеме одлука за тоа каков вид санкции ќе воведеме", рече Ердоган, изразувајќи надеж дека властите на Курдската регионална управа на северот на Ирак до 25 септември ќе се откажат, од, како што рече, оваа погрешна одлука и ќе продолжат со работа како и досега.

Претседателот Ердоган истакна и дека Турција е приморана да поседува, не само противракетен систем S-400, туку можеби и S-500 и S-600 бидејќи во соседна Сирија, како што рече, постои противракетен систем S-400.

„Ова се чекори за да се заштитиме. Постојат чекори кои е потребно да ги преземеме во врска со балистичките ракети", нагласи турскиот претседател.

На крајот додаде дека во понеделник ќе разговара за случувањата во Сирија со рускиот претседател Владимир Путин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın