Турција

Ердоган: Виртуелни судови не можат да ѝ судат на мојата држава

„Некои заминаа за Америка, некои во западните земји, но вистинските сопственици на оваа земја повторно останаа тука. Погледнете, ние сме тука, а каде се тие? Некои му станаа слуги и робови на Ханс, некои на Џорџ”

İlkay Güder  | 02.12.2017 - Обновена : 02.12.2017
Ердоган: Виртуелни судови не можат да ѝ судат на мојата држава

Kars

КАРС (АА) – Претседателот на Република Турција денеска во турскиот град Карс изјави дека виртуелни судови не можат да и судат на неговата држава, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние кога сме се поклониле? Досега ние не се поклонивме пред никого. Ние се поклонуваме само пред нашиот Господ, пред никој друг. Верувам дека вие младите, пред никаква сила, пред пари, пред властите, пред материјалните добра нема да се поклоните, бидејќи доколку тоа го направите. Доколку така се однесуваме, тогаш оние кои нѐ нападнаа на 15 јули, како што дојдоа, така ќе си одат”, рече претседателот Ердоган.

- Виртуелни судови

Потсетувајќи дека вечерта на 15 јули Турција даде 250 херои и 2.193 ветерани, претседателот Ердоган рече: „Некои заминаа за Америка, некои во западните земји, но вистинските сопственици на оваа земја повторно останаа тука. Погледнете, ние сме тука, а каде се тие? Некои му станаа слуги и робови на Ханс, некои на Џорџ, а некои одат пред формирани лажни судови, надевајќи се дека ќе ја судат мојата земја. Немојте напразно да се мачите. Ние не се сомневаме во себеси. Затоа, такви виртуелни судови формирани од страна на претставниците на подмолната „ФЕТО”, во никој случај не можат да ја судат мојата земја.”

- „Некои на ова лице му поставиле стапица”

Претседателот Ердоган за претседателот на ЏХП, Кемал Киличдароглу рече: „Ова лице вели дека кажал голем број тврдења минатата недела на разговорот на неговата група во Чорум. На разговорот на групата, реченицата ја започна со зборовите ‘На 17. ноември во Чорум одржав еден говор.’ Нашите пријатели истражија, но таков говор не пронајдоа, бидејќи господинот на 17 ноември воопшто не бил во Чорум. Тој ден тој бил во Текирдаг. Прво учествувал во програмата на општина Текирдаг, за пота да се приклучи во програмата на општина Чорлу. Изгледа дека ги помешал Чорум и Чорлу.”

Во врска со тврдењата на Киличдароглу за наводните документи, Ердоган порача дека изнесените документи во јавноста се фалсификат и дека никакви пари не се испратени во странство.

„Она што Киличдароглу го има во рацете се документи закупување меѓу две банки, Халк банка и Албарака банка. Станува збор за трасфер од банка во Турциа која испратила пари на друга банка, а која исто така е во рамките на Турција. Но, и тоа што го има во своите раце е фалсификат”, рече претседателот Ердоран, порачувајќи му на Киличдароглу дека најтешка работа на светот е да докажеш непостоечко нешто, т.е. нешто што не е вистина.

„Јас знам како да се справам со тоа лице, тоа не претставува проблем, но Господ нека му е на помош на народот кој е приморен постојано да ги слуша неговите лаги”, рече претседателот на Турција, Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın