Турција

Ердоган: Високите каматни стапки се средство за експлоатација

„Секаде луѓето се жалат на високи каматни стапки. Како претседател на државата секогаш тоа го држев на врв на листата на проблеми, бидејќи тие стапки ги гледам како средство за експлоатација”, изјави Ердоган

Dilara Zengin, Can Erözden  | 24.05.2017 - Обновена : 25.05.2017
Ердоган:  Високите каматни стапки се средство за експлоатација

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека високите каматни стапки се средство за економска експлоатација, а не само алат за профит, јавува Anadolu Agency (AA).

„Секаде луѓето се жалат на високи каматни стапки. Како претседател на државата секогаш тоа го држев на врв на листата на проблеми, бидејќи тие стапки ги гледам како средство за експлоатација. Не е тоа менталитет на профитот, туку експлоатација”, изјави Ердоган денес во обраќањето на присутните на состанокот на Унијата на турски трговински комори (TOBB).

Турскиот претседател е гласен заговорник дека позајмувачите и Централната банка на Турција треба да ги намалат каматните стапки.

„Ние и понатаму ќе пружаме секаков вид на поддршка на оние кои сакаат да работат, произведуваат и заработуваат и нема да им бидеме пречка на тој пат. Во сето тоа постојано се консултираме со стопанските кругови во Турција”, изјави Ердоган.

Паралелно со тоа, Ердоган изјави дека се проценува оти турската популација ќе ја надмине бројката од 90 милиони до 2035 година. Тој додаде дека тоа Турција ќе ја стави во ред на најголеми земји.

„Најважно е да ја искористиме растечката популација како ресурс и да влеземе во ред на десетте најголеми светски економии. Млада, образована и динамична популација е мотор двигател на економскиот развој”, изјави Ердоган.

Тој исто така најави дека со реализација на зацртаните планови за зголемување на националниот приход над 25.000 долари по глава на жител во 2035 година Турција ќе го заземе своето место меѓу најпросперитетните држави на светот.

Потсетувајќи дека во февруари упати апел до бизнисмените да отвораат нови работни места во Турција, Ердоган изјави дека бизнисмените позитивно одговориле и вработиле 1,17 милиони лица.

Тој денес ги повика турските економски кругови да го интензивираат развојот на технолошката индустрија и во Турција да почнат да се произведуваат 100 отсто домашни автомобили, за што, како е кажано постојат сите ресурси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın