Турција

Ердоган: Израел греши и оди кон изолација

Коментирајќи ги случувањата во комплексот Ал Акса, истакна дека е голема грешка да се изедначуваат муслиманите кои доаѓаат да се молат со терористите

Duygu Yener  | 24.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
Ердоган: Израел греши и оди кон изолација

Ankara

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на новинарите на аеродромот Есенбог во Анкара, по завршувањето на турнејата во земјите од Заливот, истакна дека посетата е важен чекор кон градењето на на стабилно опкружување и градењето доверба, јавува Anadolu Agency (AA).

„Заедно разменивме мислења за тоа што можеме да направиме за решавањето на катарскиот проблем и како можеме да дадеме придонес како држава. Пред се, мислам дека е корисно да се нагласи дека е лесно нешто да се урне, но секогаш е многу тешко урнатото повторно да се изгради. Односите помеѓу државите бараат уште време и труд. Верувам дека нашата последна посета и остварените контакти се важен чекор на патот кон градењето стабилно опкружување и градењето меѓусебна доверба", рече Ердоган.

Додаде дека во текот на посетата на Саудиска Арабија и Кувајт, не станало збор за турската воена база во Катар.

Истакна дека е голема грешка да се изедначуваат муслиманите кои доаѓаат да се молат со терористите.

„Нагласивме дека ограничувањата на израелските власти во Ал Акса се неприфатливи. Овие чекори кои го омаловажуваат правото на муслиманите на вера и ја загрозуваат светоста на Ал Акса дополнително ја зголемуваат напнатоста. Да се изедначуваат муслимани, кои доаѓаат да се молат, со терористите е голема грешка", рече Ердоган.

Подвлече дека Израел со своите безправни постапки нанесува штета не само себе си, туку и на целиот регион.

„Израел со овие бесправни постапки нанесува штета не само себе си туку и на целиот регион. Ал Акса е зеница на окото на сите муслимани. Не можеме да останеме неми на тоа што се газат нашите свети места", рече Ердоган.

Истакна дека Израел со последните постапи многу греши и оди кон изолација.

„Ал Акса е многу поинаква, прва кибла на сите муслимани во светот. Сите имаме одговорност кон Ал Акса. Се преземаат потребни чекори во рамките на таа одговорност. Ова прашање ќе дојде на дневен ред и во Обединетите нации и Советот за безбедност. Израел греши со преземање на ваквите чекори, и отворено говорам, оди кон изолација", рече Ердоган.

На крајот изрази надеж дека што поскоро кај израелските власти ќе надвладее здравиот разум.

„Се надеваме дека што поскоро кај израелските власти ќе надвладее здравиот разум. Како претседавач со Советот на Организацијата за исламска соработка, формиран за заштита на Ерусалим, уште еднаш го повикувам Израел да се однесува во согласност со законите, обичајот на правото и човечките вредности", рече Ердоган.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на турнејата на Заливот денеска престојуваше во Катар, а пред тоа ги посети Саудиска Арабија и Кувајт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın