Турција

Ердоган-Макрон-Ал Тани: Итно да се намалат тензиите во Заливот

Претседателот на Република Турција Реџпе Таип Ердоган денеска преку телеконференција разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и со емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани во врска со дипломатската криза во Заливот

Semra Orkan  | 17.06.2017 - Обновена : 17.06.2017
Ердоган-Макрон-Ал Тани: Итно да се намалат тензиите во Заливот

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџпе Таип Ердоган денеска преку телеконференција разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и со емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани во врска со дипломатската криза во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).

Според изворот на Кабинетот на турскиот претседател, лидерите разговарале за активностите кои ги преземаа во претходниот период за да придонесат во решавањето на спомнатиот проблем.

Се сложија дека е потребно итно да се намалат тензиите во регионот.

Нагласија дека напнатостите можат да се решат само со дијалог и договор, а не со санкции, додавајќи дека е потребно да се поддржат напорите во таа насока.

Исто така порачаа дека се спротиставуваат на секој облик на тероризмот, напоменувајќи дека е потребно јасно да се дефинираат терористичките организации за да тоа не би можело да се прави по сопствено убедување.

Се согласија и дека во наредниот период ќе бидат во близок контакт за да придонесат во решавање на проблемот.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (UAE), Египет, Бахерин и Јемен, во понеделник соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот, го затворија воздушниот простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така, се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатски односи со Катар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.