Ердоган: Нека Бајрам биде пресвртница за мир во светот
"Се надеваме и се молиме овој Бајрам да биде почеток на една нова ера во исламскиот свет"
Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Единството и заедништвото за нас е многу важно. Се надеваме дека овој Бајрам, празникот на кој во исламскиот свет му се придава голема важност, ќе биде пресвртна точка за светскиот мир, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето бајрамско обраќање, јавува Anadolu Agency (AA).
"Се надеваме и се молиме овој Бајрам, исто така да биде почеток на една нова ера во исламскиот свет", рече Ердоган.
Тој додаде дека во исламскиот свет постојат оние кои ја поттикнуваат атмосферата на поделби, и изрази надеж дека овогодинешниот Рамазански бајрам ќе биде повод за будење во еден нов амбиент.
Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи со спроведување на планот за воспоставување на воена база во Катар, и дека се неоправдани барањата на трети страни во врска со прекин на тој план.
"Дали од трети страни ќе земаме дозвола кога правиме билатерални договори од областа на заштитата. Нека не замерат, Турција не е земја од тој тип. Поради тоа, пристапот, како што се барањата за повлекување на војниците, е изразување непочитување кон Турција", рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.