Турција

Ердоган: Ова што го прави Израел е обид на муслиманите да им ја одземе Ал Акса

Претседателот на Турција и претседател на владејачката Партија за правда и развој, денес се обрати на седницата на клубот на парламентарни застапници на таа политичка опција, и во таа пригода ги коментираше актуелните случувања во регионот

Mümin Altaş  | 25.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
Ердоган: Ова што го прави Израел е обид на муслиманите да им ја одземе Ал Акса

TBMM

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека Ал Акса е трета по значење џамија за исламскиот свет, и најостро го осуди однесувањето на израелската Влада кога е во прашање тој верски комплекс, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Турција и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) денес се обрати на седницата на клубот на парламентарни пратеници на таа политичка опција, и во таа пригода ги коментираше актуелните случувања во регионот. Ердоган истакна дека актуелните потези на Израел во Ерусалим претставуваат обид за целосна окупација и преземање на Ал Акса од рацете на муслиманите.

Ердоган потсети дека предците на Турците, во текот на четири века, со големо внимание се грижеле за комплексот Ал Акса во Ерусалим и секому му овозможувале верски и други слободи, и истакна дека Турција денес бара во потполност да се почитуваат правата на Палестинците.

„Тоа му го реков и на израелскиот претседател. Ние нема да толерираме муслиманите кои одат да се молат во Ал Акса да бидат третирани како терористи“, порача претседателот на Турција.

Ердоган рече дека причината што израелските војници многу лесно го сквернават верскиот објект Ал Акса и ја пролеваат крвта на муслиманите во нејзиниот двор, е поради фактот што сите муслимани недоволно се грижат за Ерусалим.

Тој во своето обраќање нагласи дека е дојдено време од школските учебници да се исфрлат лажните и тенденциозни тези, налик на оние според коишто Арапите на Турците им забиле нож в грб, со кои во минатото се труени младите поколенија.

„Токму како што денес не можеме да обвиниме цели слоеви од општеството поради тоа што ПКК, ФЕТО, ДХКП-Џ, ДЕАШ или други терористички организации војуваат против нашата држава и народ, така не можеме ниту да ги осудиме сите Арапи поради некои грешки што се направени за време на Првата светска војна. Како што денес зад терористичките групи стојат поттикнувачи и сили кои управуваат со нив, и во тоа време ситуацијата беше слична“, рече Ердоган.

Потсетувајќи дека во изминатите два дена имал разговори со лидерите на Саудиска Арабија, Кувајт и на Катар, Ердоган рече дека и во таа пригода нагласил дека Турција е апсолутно против секаков вид на вештачка криза во регионот, истакнувајќи дека енергијата треба да се користи за решавање на заедничките проблеми и закани, како што е тероризмот.

„Сите тие кризи само ги радуваат круговите што се хранат со туѓата крв и солзи и сакаат да ја одредуваат иднината. На муслиманите повеќе не им требаат кавги и судири, туку солидарност и стегање на редовите. Затоа треба со отворени срца, да работиме како браќа. Уверен сум дека посетата на овие земји беше мошне корисна во насока на надминување на кризата во врска со Катар“, рече Ердоган.

Осврнувајќи се и на односите меѓу Турција и Германија, Ердоган рече дека односите со Турција можат да се градат само и исклучиво врз основа на заемна доверба и почитување и оти партнерството, сојузништвото и пријателството можат да се градат само под услов на еднакви услови и права од двете страни. Ердоган додаде дека во спротивно, секој ќе го добие соодветниот одговор за секој чин на непочитување на Турција.

„Вие би сакале да му забраните на претседателот и на министрите на Турција да зборуваат во вашата земја, а во исто време би ги праќале своите агенти да се шетаат по хотелите во Турција и да ја делат на парцели мојата земја“, порача претседателот Ердоган.

Турскиот претседател ја коментираше и промената на името на вооружената група ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, која е спроведена на иницијатива на САД.

„Погледнете само како кажуваат дека ЈПГ е терористичка организација и оти не треба така да се именува, туку да се користи името СДС, т.е. Сириски демократски сили... Меѓутоа, што и да направат, одамна водата ја прелеа чашата. Тука, веќе одамна сѐ е јасно“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın