Турција

Ердоган: Референдумот во Ирак е ништовен и нелегитимен

„Никој нека не очекува од нас да ги затвориме очите пред можноста дека покрај нашата граница долга 350 километри, да се формира ново конфликтно подрачје. Нашиот став во врска со ова е јасен“

Sibel Kurtoğlu  | 25.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Ердоган: Референдумот во Ирак е ништовен и нелегитимен

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во Мјанмар владее „будистички тероризам“, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател говореше на Меѓународниот состанок на омбудсманите во Истанбул. Ердоган потсети дека Мјанмар не е под санкции поради насилството што се врши против муслиманите во Аракан, туку пристигнале само осуди.

„Треба да се воведат санкции за да се создаде ред. Тука се случува мошне јасен геноцид. Зборувам јасно, тоа може да им пречи. Оние што велат 'исламски тероризам' дали велат и 'христијански тероризам', 'еврејски тероризам', 'будистички тероризам'? Не велат. Будистите секогаш ги прикажуваат како емисари на добрата волја. Во моментов, во Мјанмар целосно владее 'будистички тероризам'“, рече Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на случувањата во регионот, како и на неуставниот референдум за независност од Ирак, кој денес го спроведува Регионалната курдска управа во северен Ирак, кој е поддржан само од страна на Израел.

„Никој нека не очекува од нас да ги затвориме очите пред можноста дека покрај нашата граница долга 350 километри, да се формира ново конфликтно подрачје. Нашиот став во врска со ова е јасен. Референдумот што се одржува и не е во согласност со ирачките закони, го отфрламе и го сметаме за ништовен и без да го погледнеме неговиот резултат. Тоа е нешто што е нелегитимно“, рече Ердоган.

Еродаган истакна дека Турција презема и ќе презема политички, економски и трговски чекори по ова прашање. Тој посочи дека постојат различни мерки. „И нив ќе ги спроведеме, а потоа ќе видиме на кој начин и по кои канали Регионалната курдска управа во Северен Ирак ќе извезува и ќе продава нафта? Вентилот е кај нас. Кога ќе го затвориме вентилот, готово е“, порача турскиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.