Турција

Ердоган: Со позајмена памет нема да ги оствариме своите цели

Ердоган се обрати на церемонијата на отворање на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, чијшто медиумски спонзор е АА

Melda Altakhan  | 25.02.2017 - Обновена : 26.02.2017
Ердоган: Со позајмена памет нема да ги оствариме своите цели

Ankara

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека неговата земја има за цел до 2023 година да биде меѓу првите 10 земји во светот, како и дека та цел треба да се постави и на полето на културата и уметноста, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган се обрати на церемонијата на отворање на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, чијшто медиумски спонзор е АА.

Истакна дека покрај сите напори процентот на читање книги во Турција сеуште не го достигнал завидното ниво, и додаде:

„Нашиот човек во просек дневно три до пет часа троши гледајќи телевизија, многу повеќе од тоа на интернет. За жал, годишно ниту 10 часа не поминува читајќи и тоа е сигурно статистика која не ни прилега. Во земја која до 2023. година планира да влезе меѓу 10 први економии во светот и која има регионални и глобални цели, процентот на читање книги мора да биде во истата рамка. Верувам дека Турција, покрај економијата, и на полето на културата, уметноста, читањето на книги мора да има цел да биде меѓу првите десет земји во светот", рече Ердоган и додаде:

„Не можеме да се надеваме во туѓа работа и делување. Мораме да прифатиме дека со позајмен памет нема да ги оствариме своите цели".

Турскиот претседател се осврна и на обидот за државен удар од 16. јули 2016. година. Нагласи дека во ноќта на 15. јули животот го загубиле 248 и ранети се 2.193 лица. Но, како што истакна, за жал, тој чесен отпор на турскиот народ беше неприметен.

„Освен тоа, бевме и сведоци на оние медиумски пренесувања во кои скриено се искажуваа и желби во смисла обидот за пуч да биде успешен. Така, оние кои години се восхитуваа на фотографиката на студентот пред тенкот од кинескиот плоштад Тианмен, не ја видеа храброста која е покажана на Босфорскиот мост, во турскиот парламент, палатата на претседателството, како ниту на плоштадот Кизилај. Поради тоа, сметам дека е многу важно што саемот оваа година е организиран на тема 15. јули", порача претседателот Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.