Турција

Ердоган: Чешка на Турција треба да ѝ го испорача уапсениот водач на ПЈД/ПКК

„Фатен е водачот на терористичката организација ПЈД/ПКК. Сега се надеваме дека Чешка ќе ѝ го предаде на Турција, а потоа правдата ќе биде задоволена“

Yeşim Sert Karaaslan  | 25.02.2018 - Обновена : 26.02.2018
Ердоган: Чешка на Турција треба да ѝ го испорача уапсениот водач на ПЈД/ПКК

Sanliurfa

ШАНЛИУРФА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека се надева оти Чешка ќе ѝ го екстрадира на Турција синоќа уапсениот водач на терористите на ПЈД/ПКК, Салих Муслим, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган допатува во Шанлиурфа за да присуствува на редовниот Конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti), a во центарот на градот им се обрати на десетиците илјади граѓани кои го поздравија со овации.

„Фатен е водачот на терористичката организација ПЈД/ПКК. Сега се надеваме дека Чешка ќе ѝ го предаде на Турција, а потоа правдата ќе биде задоволена“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека терористичката организација ПКК и нејзиниот огранок ПЈД се обидоа да ја поделат турската нација и да предизвикаат хаос, Ердоган порача дека Турција затоа одлучно се бори против тероризмот.

„Ние немаме никакви проблеми со нашите браќа Курди. Нашиот проблем се терористите и против нив се бориме“, порача Ердоган.

Истакнувајќи дека турските сили и Слободната сириска војска напредуваат во операцијата „Маслинова гранка“, Ердоган рече дека победата и ослободувањето на Африн од терористите е сè поблиску.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın