Турција

Иванов се сретна со претседателот на Советот за високо образование на Турција

„Оваа недела се завршени подготовките околу одлуката за лиценцирање на универзитетската програма и отворање на насока за Македонски јазик и литература на Универзитетот во Анкара, еден од најстарите и најмоќните универзитети во Турција“, рече Сарач

Zehra Aydın  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Иванов се сретна со претседателот на Советот за високо образование на Турција (Foto: Gökhan Balcı / AA)

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Советот за високо образование (ЈОК) на Турција, проф. д-р Јекта Сарач, на средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во Анкара изјави: „Оваа недела се завршени подготовките околу одлуката за лиценцирање на универзитетската програма и отворање на насока за Македонски јазик и литература на Универзитетот во Анкара, еден од најстарите и најмоќните универзитети во Турција. Честитки“, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на ЈОК, Сарач, приреди протоколарен пречек за претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.

По воведната програма на групата за народни ора и танци „Сејмен“, претседателот Иванов се потпиша во Книгата на почести.

По двојната средба, претседателот Иванов и претседателот на ЈОК, Сарач, земаа учество на конференцијата на тема „Можности и предизвици на високото образование во третиот милениум“, која се одржа во конференциската сала на ЈОК.

На отворањето на конференцијата, свое обраќање имаше претседателот на ЈОК, Сарач, изјавувајќи дека се чувствува почестен што има можност во името на Советот за високо образование на Турција да биде домаќин на претседателот на Р. Македонија Иванов и неговата сопруга.

Сарач истакна дека Иванов е пречекан и како претседател на пријателската земја, Република Македонија, и како еден интелектуалец кој дал значаен придонес во научниот домен.

„За нас Македонија е многу значајна земја која географски ни е блиска, таа е земја со која имаме заедничко минато и земја со која имаме културна, историска и духовна блискост. Со цел да им се даде поголем придонес на општествата на двете земји, на полето на високото образование ќе се преземат стабилни чекори во заедничко продуцирање на знаење, што ќе овозможи поефикасни и попродуктивни односи меѓу двете земји“, рече Сарач.

Сарач го пофали академскиот труд и успех на Иванов кој го пренел и во својата претседателска должност, особено неговата ефективна и активна улога во надворешната политика.

- „Сакаме образование фокусирано врз студентите“ -

Проф. д-р Сарач во врска со измените во високото образование во Турција го рече следното: „Овие измени се планирани чекори кои ги презедовме имајќи ги предвид изменетите улоги на универзитетите и новите надополнувања на нивните основни мисии во целиот свет“.

Покрај спроведените работи, Сарач истакна дека Советот за високо образование на Турција започнал да овозможува стипендирање на школувањето на студенти од голем број земји, меѓу кои и на студентите од Македонија и додаде:

„Покрај поддршката на сите универзитети во земјата, наша најголема цел е овие универзитети да ги претставиме надвор од границите на земјата, остварувајќи поефикасно и подинамично високо образование.

Со преструктуирањето во високо образование, наставата ја издигнавме на повисоко ниво и сакаме да формираме образование кое е фокусирано на студентите, користејќи ги можностите кои ни ги овозможува технологијата“.

Изјавувајќи дека со пријателската земја Македонија сакаат да ги одржат врските во високото образование, Сарач го рече следното: „Би сакал да ја соопштам одлуката на ЈОК која ќе даде свој придонес за пријателските односи меѓу двете земји. Оваа недела се завршени подготовките околу одлуката за лиценцирање на универзитетска програма и отворање на насока за Македонски јазик и литература на Универзитетот во Анкара, еден од најстарите и најмоќните универзитети во Турција. Честитки“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın