Турција

Извештај за злоупотреба на верата во реториката на терористичката организација ФЕТО

Беа анализирани сите достапни материјали од Ѓуленовата реторика, вклучувајќи 670 часа говор, 80 книги напишани на турски јазик, сите текстови кои беа објавени во медиумите

Aynur Ekiz  | 25.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
Извештај за злоупотреба на верата во реториката на терористичката организација ФЕТО

Ankara

АНКАРА (АА) - Врховниот совет на Управата за верски работи на Република Турција утре ќе го објави извештајот „Злоупотреба на верската реторика на терористичката организација ФЕТО“, а станува збор за анализа на верската реторика што во изминатите четири децении ја корисеше лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).

Беа анализирани сите достапни материјали од Ѓуленовата реторика, вклучувајќи 670 часа говор, 80 книги напишани на турски јазик, сите текстови кои беа објавени во медиумите. Анализирани се сите аспекти на Ѓуленовата реторика и противречностите со вредностите на исламот.

„Анализата укажува на искривеноста на верските принципи што ги пропагира лидерот на ФЕТО, Ѓулен, кој во неколку наврати за време на своите говори истакна дека лично го видел Аллах и пророкот Мухамед. На јавноста ѝ е укажано на верската реторика на Ѓулен, која нема никаква основа во исламските извори“, соопшти Дирекцијата за верски прашања на Турција.

Експертите на Врховниот совет за верски прашања цела година го анализираа искривеното сфаќање на религијата од страна на терористичката организација ФЕТО.

Извештајот што утре ќе биде објавен во јавноста содржи наслови како „Играње со Алах“, „Игри со пророкот“, „Мешана теологија“ и „Основање на организацијата под плаштот на џематот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın