Турција

Изработка на фотоархива на „Исламските градови“

Уметникот Дургут: „По фотографирањето на Мека, во 2009 година ги фотографиравме и Дамаск и Алепо во Сирија. Драго ми е што ги фотографиравме, затоа што Алепо повеќе го нема.“

Aişe Hümeyra Bulovalı  | 17.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Изработка на фотоархива на „Исламските градови“ ( Muhammed Enes Yıldırım - AA )

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - AİŞE HÜMEYRA BULOVALI - Фотографот Орхан Дургут сака да ги нагласи заедничките точки и вредности на општествата во исламскиот свет со проектот „Исламски градови“.

Дургут започна со фотографската уметност преку индустриски фотографии, а направил и архитектонски фотографии на градилиштата од градежните компании.

Професионално со фотографија Дургут започнал да се занимава 1977 година, и прв пат во 1986 во Турција тој го започна фотографирањето од воздух, со помош на хеликоптери.

Во изјавата за АА, тој истакна дека е првиот човек во Турција кој со изнајмен хеликоптер 17 пати извел летови над Турција и одделно го фотографирал секој 81 град.

Фотографиите направени од хеликоптер во 2012 година се собрани во книгата „Панорама Турција“. Дургут работи и на проектот „Мека“ од 2006 година, преку фотографирање на промените во последните 10 години во Мека, за што изготвува, исто така, панорамски фотоалбум.

Дургут нагласи дека датумот на архитектонските промени во Мека бил на почетокот од 2006 година. „Создадов архива на Мека од околу 100.000 кадри и овој проект ќе продолжи до 2020 година“, рече тој.

„Сакам да оставам документ за идните генерации“ 

Дургут рече дека за првпат отишол во Мека во 1977 година за фотографирање на градежништвото: „Отидов на хаџ во 2005 година (аџилак што се одржува секоја година, кога муслиманите ја посетуваат Мека во Саудиска Арабија) и видов дека зградите почнале да се распаѓаат. Тоа значеше дека Мека е подготвена за големи промени. Посакав да бидам сведок на оваа промена и да ги докумнтирам. Денеска промените во Мека станаа рутина, но сè се одвива толку брзо, така што нема да можете да најдете она коешто сте го фотографирале во 2014 година.“

Дургут ја нагласи потребата од фотографирање на исламските простори и изјави дека започнал со проектот наречен „Исламски градови“ во 2010 година.

Нагласувајќи дека проектот опфаќа фотографирање на околу 60 градови, и Дургут продолжи со зборовите:

„Првин треба да се фотографира, пред да се мисли за што ќе се користат фотографиите. Потоа може да се изработи книга, да се создаде архива. Главната цел тука е да му служиме на исламот и да оставиме документ за идните генерации. Вредноста на нашите фотографии, и да не е разбрана сега, ќе биде разбрана по некое време. На пример, Абдул Хамит ги фотографирал османлиските простори во 1880-тите и 1890-тите години. Денеска фотографската архива на Абдул Хамит се наоѓа во палатата Јилдиз. Станува збор за архива од околу 36.000 фотографии. Иако оттогаш поминаа повеќе од 100 години, овие фотографии сè уште се користат во книгите“.

„Во исламскиот свет, треба прво да се познаваме едни со други“

Дургут објасни дека во рамките на проектот „Исламски градови“ ќе фотографира места кои ги има во Куранот и кои биле посетени од пророците, места на кои отишле нивните придружници за да ги известат луѓето за исламот, подрачја во кои се образувале исламските научници или градови кои биле места на важни настани од исламската историја.

Дургут рече дека досега има направено фотографии од 43 градови, како Траблус, Багдад, Карбала, Куфа, Кајраван, Маракеш и Рабат. „По фотографирањето на Мека, во 2009 година ги фотографиравме Дамакс и Алепо во Сирија. Драго ми е што ги фотографиравме, затоа што повеќе го нема Алепо. Во овој проект, фотографиите од 60-те градови што ќе ги направиме, во целост ќе останат за идните генерации и исламскиот свет.“

Орхан Дургут наведе дека проектите ги реализира со сопствени средства, без никаква поддршка, и изрази надеж дека неговите проекти ќе бидат поддржани од институциите и државите.

Дургут смета дека причината за комплексноста меѓу земјите од исламскиот свет е поради недостатокот на комуникација. „Првенствено треба прво меѓусебонода се запознаеме. Јас се обидувам, колку што можам, по ова прашање да помогнам со моите фотографии."


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.