Турција

Истанбул: Во акција против терористичката организација ДЕАШ приведени се 36 лица

Истовремено, извршени се акции на 15 адреси во Истанбул, а покрај пет лица приведен е уште 31 странец

Halil Demir  | 23.09.2017 - Обновена : 24.09.2017
Истанбул: Во акција против терористичката организација ДЕАШ приведени се 36 лица

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ извршена во Истанбул беа приведени 36 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипите за борба против тероризмот изјавија дека е покрената акција на приведување на пет лица, за кои е утврдено дека претходно заминале на странските боишта во Ирак и Сирија за да се борат на страна на ДЕАШ.

Истовремено, извршени се акции на 15 адреси во Истанбул, а покрај пет лица приведен е уште 31 странец.

Запленета е поголема количина на документи и дигитален материјал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın