Турција

Истанбул: Камион удрил во безбедносна бариера на полициска дирекција

Дирекцијата на полицијата на Истанбил се наоѓа во улицата Ватан, во европскиот дел на градот, а камионот поради откажување на кочниците удрил во безбедносна бариера пред зградата на напоменатата институција

Çiğdem Alyanak, Murat Paksoy  | 21.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
Истанбул: Камион удрил во безбедносна бариера на полициска дирекција

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Камион на кој му откажаа кочниците денес удри во безбедносна бариера пред седиштето на полицијата на Истанбул, потврдено е од канцеларијата на гувернерот на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Дирекцијата на полицијата на Истанбил се наоѓа во улицата Ватан, во европскиот дел на градот, а камионот поради откажување на кочниците удрил во безбедносна бариера пред зградата на напоменатата институција.

Полицијата пукаше во воздух со цел спречување на камионот, а возачот е приведен. Како наведоа од Канцеларијата на гувернерот, возачот на камионот не застанал на предурпредување на полциијата. Подоцна е утврдено дека не ја послушал полицијата, бидејќи на камионот му откажале кочниците.

Паниката, како соопштија од Канцеларијата, ја предизвикало тоа што камионот неконтролирано се движел кон бариерите пред седиштето на полицијата на Истанбул

Полициските екипи веднаш реагираа и камионот го ставија во безбедносен прстен, а истакнаа дека настанот не е поврзан со тероризам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın