Турција

Истанбул: Претставници на 44 членки на ОИК на состанок за Ал Акса

Станува збор за вонреден состанок на Извршниот одбор на министрите за надворешни работи на земјите-членки при Организацијата за исламска соработка (OIC)

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 01.08.2017 - Обновена : 01.08.2017
Истанбул: Претставници на 44 членки на ОИК на состанок за Ал Акса Onur Çoban/АА

Ankara

ИСТАНБУЛ (АА) - Состанокот на претставниците на 44 земји-членки на Организацијата за исламска соработка (OIC) почна денеска во Истанбул, организиран на покана на Турција по последните случувања во Ерусалим во врска со џамијата Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за вонреден состанок на Извршниот одбор на министрите за надворешни работи на земјите-членки при Организацијата за исламска соработка (OIC).

Турција е претставена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја. На средбата присуствува и генералниот секретар на ОИК, Јусуф ал-Усејмин, а меѓу останатите, во Истанбул се и саудискиот министер за надворешни работи, Адил ел-Џубеир, иранскиот шеф на дипломатијата Џавад Зариф, јорданскиот министер за надворешни работи Ејман Сафади, палестинскиот министер за надворешни работи Риад eл-Малiки. На министерско, и на ниво на заменици министри и постојани претставници на ОИК, во Истанбул се собраа 44 делегации.

По завршувањето на состанокот ќе биде одржана прес-конференција на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Палестина, Риад ел-Малики и на генералниот секретар на ОИК, Јусуф ел-Усејмин.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın