Турција

Калин: Нема да дозволиме реторика на омраза кон Турција и кон Ердоган

Портпаролот Калин денес исто така соопшти дека турскиот претседател Ердоган упатил порака до Ерменската патријаршија во Истанбул и дека патријархот Арам Атешјан на верскиот обред ја споделил таа порака со верниците

Sarp Özer  | 24.04.2017 - Обновена : 25.04.2017
Калин: Нема да дозволиме реторика на омраза кон Турција и кон Ердоган

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека Турција нема да дозволи скандалозните изјави на омраза и повиците за атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да станат вкоренета реторика во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Францускиот аналитичар и политиколог Филип Моро Дефарж вчера во телевизиско шоу ја коментираше актуелната ситуација во Турција и притоа изнесе тврдења дека во таа земја преостанало само „да избие граѓанска војна или да се случи убиство на Ердоган“.

Во денешното обраќање пред јавноста, портпаролот на Ердоган, Калин, остро ги критикуваше тие изјави и рече дека тие воопшто не се политички коментари и анализи, туку се дел од некој поголем план.

„Нема да дозволиме таква фашистичка реторика, и во име на демократијата, волјата на народот, моралот и совеста, ќе ги искористиме сите расположливи средства во борбата против таквата реторика и нема да дозволиме тоа да стане нормална и прифатлива практика“, порача Калин.

Портпаролот Калин денес исто така соопшти дека турскиот претседател Ердоган упатил порака до Ерменската патријаршија во Истанбул и дека патријархот Арам Атешјан на верскиот обред ја споделил таа порака со верниците.

„Во пораката се наведува дека ние на настаните од 1915 година секогаш сме гледале од аспект на заедничка болка и правично помнење. Уште една работа што сакам да ја споделам со вас од пораката на Ердоган е тоа дека Турците и Ерменците цел еден миленум делеа заедничко минато и култура и дека вредните Ерменци дадоа важен придонес во историјата и на Османлиското царство и на Република Турција. Како порано, така и денес, Ерменците се рамноправни граѓани во Турција и имаат важна улога во нашиот општествен, политички и економски живот“, изјави Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.