Турција

Кривични пријави за влијателни Американци поради поддршка на ФЕТО

Неколкумина турски авдокати поднесоа кривични пријави против повеќе лица поради поврзаност или помагање на терористичката организација ФЕТО

Muhammed Enes Can  | 14.04.2017 - Обновена : 15.04.2017
Кривични пријави за влијателни Американци поради поддршка на ФЕТО

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Неколкумина турски авдокати поднесоа кривични пријави против повеќе лица, поради поврзаност или помагање на терористичката организација ФЕТО. Меѓу обинетите се наоѓаат и сенаторот на Њујорк, Чак Шумер, американскиот обвинител Притендер Бхарара и поренешен директор на ЦИА, Џон Бренен, јавува Anadolu Agency (AA).

Групата адвокати, меѓу кои се наоѓаат и познатите турски адвокати Мехмет Сари и Риза Сака, поднесоа кривични пријави до обвинителството во Истанбул против најмалку 17 лица поради нивната поврзаност со ФЕТО, терористичката организација која на 15 јули 2016 година во Турција го изведе обидот за државен удар.

Во пријавата се наведува дека Република Турција во повеќе наврати била соочена со различни напади, кои своја кулминација доби минатата година на 15. јули. Меѓу лицата кои го планирале, учествувале и поддржувале обидот за државен удар преку телевизиските канали и друштвените мрежи, се наоѓаат и претставници на разузнавачки служби, дипломатија, полиција, војска, па дури и судски институции на земјите кои себеси се нарекуваат за 'сојузници' на Турција.

На листата на имиња против кои е поднесена кривична пријава се наоѓаат сенаторот на Њујорк Чак Шумер, поранешниот главен обивнител на јужниот округ на Њујорк Притендер Бхарара, поранешниот претседател на канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC) Дејвид Коен, поранешниот шев на ЦИА Џон Бренан, претседател на турско-американската алијанса Фарук Табан,адвокатот Зафер Акин од турскиот културен центар, Кемал Оксуз од советот Туркуаз на Турци и Американци, претставник на Форумот Руми Емре Челик, Мајкл Рубин, поранешен шеф на полицијата Ахмет Саит Јајла, Хенри Барки, Грахам Е. Фулер, претставник на Средно-атланската турско-американската федерација Махмут Јетер, претставник на Турско-американската бизнис група Талха Сарач, Реџеп Озхан, Бурак Јенероглу, Ралф Питерс.

Адвокатите бараат да се расветлат сите настани и процесираат сите членови на ФЕТО кои се инфилтирале во парламентите и конгесите на 'пријателски и сојузнички' држави, а кои извршиле кривични дела и ѝ нанеле штета на Република Турција, нејзиниот претседател, влада, војска и полиција.

Се наведува дека една група, како дел од Канцеларијата за контрола на странскиот имот, била дел од настаните од 17 до 25 декември и дел од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, која со своите активности, ги блокирала активностите на војската, владата, поедници, организации, банки и проектите на Република Турција.

Она што предизвикува посебен интерес е што во кривичната пријава, поради соработка и потпомагање на терористичката организација ФЕТО, се наведуваат имиња кои се на значајни позиции во САД, меѓу кои има и важни бирократи, политичари, разузнувачи и академици.

Како најважна личност на оваа листа е Чарлс Елис „Чак” Шумер, сенаторот на Њујорк, член на Демократската партија, за кого се тврди дека од ФЕТО примил милиони долари и е заштитник на ФЕТО на политичката сцена во САД.

Покрај него, тука е и поранешниот обвинител за јужниот округ на Њујорк, Притендер Бхарара, личност која има многу блиски врски со ФЕТО.

Поранешниот заменик-министер и секретар на министерството за финансии на САД, Дејвид Коен, кој е именуван за заменик-директор на ЦИА, исто така е личност која се поврзува со ФЕТО, и е еден од предводниците на финансиската акција против Халкбанк во САД.

Кога се во прашање турските државјани кои пребегаа во САД, на листата се наоѓа и поранешниот шеф на турската полиција, Ахмет Саит Јајла, познат по антитурските текстови и реторики. Јајла е во родбински врски со Шафак Јајла, терорист на ДХКП-Џ, кој во април 2015 година го уби турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın