Турција

Министерот за одбрана на САД на 23.август во посета на Турција

Нагласено е исто така дека главни теми за време на престојот во Турција ќе биде стратешкото партнерство меѓу двете земји, и партнерството во контекст на воспоставување на стабилноста во регионот

Muhammed Bilal Kenasari  | 19.08.2017 - Обновена : 20.08.2017
Министерот за одбрана на САД на 23.август во посета на Турција

Washington DC

ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на САД, Џим Матис, на 23 август ќе престојува во посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа инфомрација е потврдена во соопштението од Министерството за одбрана на САД, а наведено е дека Матис ќе се состане со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министерот за одбрана, Нуретин Џаникли и шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.

Нагласено е исто така дека главни теми за време на престојот во Турција ќе биде стратешкото партнерство меѓу двете земји, и партнерството во контекст на воспоставување на стабилноста во регионот. Исто така, ќе се зборува и за терористичката организација ДЕАШ.

Матис пред Турција ќе престојува во посета на Јордан каде ќе се состане со јорданскиот крал Абдулах II, и началникот на Генералштабот Мамут Фреихат.

Ден по посетата на Турција, Матис на 24.август ќе ја посети и Украина, каде е планирана негова средба со претседателот Петро Порошенко и министерот за одбрана Сепан Полторак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.