Турција

Министерот Илјас: Владата на Македонија секогаш е со Турција

Министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија, Бејџан Илјас, напомена дека од аспект на туризмот, радува фактот што туристите од Турција кои доаѓаат во државава во последните две години се на прво место

Sultan Çoğalan  | 24.03.2017 - Обновена : 25.03.2017
Министерот Илјас: Владата на Македонија секогаш е со Турција

Ankara

АНКАРА (АА) – Министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија, Бејџан Илјас, напомена дека од аспект на туризмот, радува фактот што туристите од Турција кои доаѓаат во државава во последните две години се на прво место. „Значи, турските државјани доаѓајќи да го видат османлиското, шетаат по Балканот. Не нѐ заборавиле нас“, рече Илјас, јавувa Anadolu Agency (AA).

По средбата на министерот Илјас и министерот за култура и туризам на Турција, Наби Авџи, се одржа заедничка прес-конференција. Илјас изјави дека Балканот е неразделив дел од Турција.

Toj забележа дека односите меѓу двете држави се на највисоко ниво и дека двете страни прават сѐ за овие односи да продолжат. Илјас посочи дека Турската владина агенција за соработка и развој – ТИКА прави сѐ што е во нејзина надлежност, и тоа не само во Македонија, туку и во целиот регион, за да ги обнови османлиските дела и тие да бидат зачувани.

„Нѐ радува фактот што во последните две години, особно од аспект на туризмот, туристите кои доаѓаат од Турција се во првите редови. Значи, турските државјани доаѓајќи да го видат османлиското, шетаат по Балканот. Не нѐ заборавиле нас. Ова е радосен момент“, истакна Илјас.

Тој изрази благодарност до Министерството за култура и туризам на Турција за нивната поддршка, и потсети на поддршката што ова министерство ја даде за изградба на новата зграда на скопскиот Турски театар.

Илјас исто така изрази благодарност и до Институтот „Јунус Емре“, за напорите во промовирањето на турската култура и јазик. Исто така, тој додаде дека сонародниците кои живеат во Македонија, како и Владата на Република Македонија, секогаш е со Турција.

Министерот за култура и туризам на Турција, Наби Авџи на денешната средба со министерот без ресор во Владата на Република Македонија Бејџан Илјаз истакна дека Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) со своите проекти во Македонија реставрира голем броој дела.

По остварената средба, министерот Авџи и македонскиот министер без ресор, Бејџан Илјас, одржаа заедничка прес-конференција. Авџи рече дека со Илјас ги разгледале односите меѓу двете држави во сферата на туризмот и културата, и притоа му се заблагодари на македонскиот министер за посетата.

Авџи пренесе дека добрите односи меѓу Македонија и Турција во сферата на туризмот и културата се негуваат долго време и оти се развиваат нови проекти и програми за продлабочување на соработката.

Тој рече дека во Македонија има голем број турски дела и оти државата многу помага во нивната заштита, обнова, реставрација и функционална употреба. Турскиот министер посочи дека Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) со своите проекти во Македонија реставрира голем броој дела и истакна:

„Скопската Мустафа-пашина џамија е рестарвирана од страна на ТИКА. Таа е мошне вредно историско дело. Исто така, продолжуваат проектните активности во врска со саат-кулата во Тетово. Проектот за реставрација на Куршумли ан во Скопје е завршен. И од таму добивме мошне добри резултати. Ова место ќе го користиме како Турски културен центар. Покрај ова, повторно оживеа Хаџи-беговиот комплекс и џамијата во Битола, со помош на ТИКА и Министерството за култура и туризам на Турција. Турците кои живеат во Македонија, како и граѓаните со македонско потекло кои живеат во Турција, помагаат за заемните односи и за нивното пријателско и братско развивање“. Авџи рече дека отсега натаму, често ќе се одржуваат средби, дека се комплетирани билатералните потпишани договори во сферата на културата, и оти се работи на подготвување на договор за идните активности.

- Ќе се санира скопскиот Турски театар

Авџи изјави дека скопскиот Турски театар, кој е најважен и единствен на Балканот, продолжува со работа.

„Скопскиот Турски театар е многу важна институција. Нашите делегации работеа на тоа да се направи санација и да се даде техничка поддршка, така што можам да речам дека театарот во зграда со обновени реквизити, ќе продолжи со својата работа и активности“, додаде тој.

Турскиот министер пренесе дека младите кои доаѓаат од Скопје и од цела Македонија, особено сакаат да го посетат Чанакале, и притоа додаде оти на Чанакале има многу гробни споменици на загинати борци од Македонија.

Министерот Авџи потсети дека 2018 година е прогласена за година на „Троја“, и притоа додаде дека посетителите ќе дојдат за одблиску да се запознаат со Чанакале, Гелиболу, како и со богатствата на државата.

- Целта на Турција за туризмот во 2017

Во врска со целта на Турција за туризмот во 2017 година, министерот Авџи забележа: „Целта на Турција за 2017 е најпрво да ја надмине таа од 2016 година. Тешка беше 2016 година, меѓутоа, се гледа значително закрепнување на нашите пазари, особено на рускиот пазар. Се надевам, доколку овој импулс на забрзување продолжи позитивно, целта е прво да се остварат бројките од 2014 – 2015, а потоа да се надминат. Процесите во врска со туризмот, можат да закрепнат во одреден временски период. Целта за 2017 година е да се зголеми остварувањето на степен што ќе се компензира загубата во одредена мера од 2016 година“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın