Турција

Министрите за надворешни работи на НАТО се сретнаа на разговори за поддршка на Турција

- Состанокот доаѓа по соборувањето на воениот авион за нарушување на турскиот воздушен простор на 24-ти ноември

Ilgın Karlıdağ  | 01.12.2015 - Обновена : 01.12.2015
Министрите за надворешни работи на НАТО се сретнаа на разговори за поддршка на Турција

Brüksel

БРИСЕЛ (АА) – Министрите за надоврешни работи на НАТО денес ќе разговараат за начините на поддршка на Турција и последиците по соборувањето на рускиот авион на состанокот во седиштетето на Алијансата во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).

„НАТО со децении ја поддржува Турција како НАТО сојузник и ние имаме одбрамбени планови за Турција“, изјави за новинарите, генералниот секретар Јенс Столтенберг во Брисел, пред денешниот состанок.

Состанокот е оргазнизиран како резултат на соборувањето на рускиот воен авион поради нарушување на турскиот воздушен простор во близина на сириската граница на 24-ти ноември.

„На овој состанок ќе дискутираме за начините на понатамошна поддршка на Турција и за продолжувањето на обезбедување различни видови мерки“, рече Столтенберг.

„Фокусот сега треба да биде насочен на тоа како може да се релаксира ситуацијата, да ги смириме тензиите и да посочиме на потребата од подобрување на зајакнатите механизми за избегнување на такви инциденти на кои бевме сведоци минатата недела и да создадаеме поголема предвидливост и поголема транспарентност за да избегнеме такви инциденти“, рече тој.

Министрите за надворешни работи ќе разговараат и за ситуацијата во Авганистан, односите со Русија и поддршката на Украина како и за кандидатурата на Црна Гора за влез во Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.