Турција

Мистериозните подземни градови на Кападокија

„Подземните градови во Кападокија биле изградени поради безбедносни причини, и се користеле пред 10.000 години“

Behçet Alkan  | 26.02.2017 - Обновена : 27.02.2017
Мистериозните подземни градови на Кападокија

Nevsehir

НЕВШЕХИР (АА) – Подземните градови на Кападокија, еден од најзначајните туристички центри на Турција, секоја година стотици илјади луѓе ги водат на мистериозно патување, јавува Anadolu Agency (AA)

Градовите Деринкују, Кајмакли и Татларин, се три од големиот број градови кои им се достапни за посета на туристите, во кои може да се видат траги од цивилизации стари илјадници години. 

Собите за живеење до кои доаѓате спуштајќи се по тунелите со различна висина и широчина, ги фасцинираат туристите кои ги посетуваат овие подземни градови.

Најголемите подземни градови во регионот, Деринкују и Кајмакли кои во периодот кога биле користени служеле за засолнување, ги задоволувале основните животни потреби криејќи се во нив и згрижувајќи храна и вода. Некои од овие градови биле изградени 8 нивоа под земјата.

Во подземниот град Деринкују, кои бил користен за засолнување на луѓето како и нивните животни во случај на некоја надворешна закана, истовремено можеле да живеат околу 30.000 луѓе.

„Подземните градови во Кападокија биле изградени поради безбедносни причини, и луѓето ги преферирале за да се одбранат од опасностите. Подземните живеалишта се користеле пред 10.000 години“, истакна за АА Мурат Ѓулјаз, директор на музејот во Невшехир.

Ѓулјаз информираше дека подземните градови Деринкују и Кајмакли се меѓу првите десет археолошки локалитети од вкупно 135 во Турција. Тој истакна дека околу 500.000 домашни и странски туристи годишно го посетуваат ова мистериозно живеалиште изградено под земја.

- Се изведуваат активности за да им се понуди виртуелна реалност на посетителите -

„Планираме да направиме една виртуална реалност. Имаме цел со помош на 3Д (тродимензионални) очила на посетителите да им покажеме одредени места од подземните градови исто како што биле во периодот кога биле во употреба. Испланирани се нашите проекти, и во 2018 година посетителите ќе имаат едно интересно изненадување“, рече Ѓулназ, истакнувајќи дека со помош на 3Д очила посетителите ќе имаат можност да ги гледаат видеата подготвени со посебни методи и техники на снимање, за појасно разбирање на она што се случувало во овие места низ историјата.

Ѓулназ нагласи дека очекуваат со оваа апликација значително да се зголеми бројот на туристи во овие подземни градови: „Само 10 отсто од подземните градови во овој регион се пуштени за посетителите. Другите места не се пуштаат во употреба како туристички локалитети за да не се изгубат туристите за време на посетата. Подземниот град Деринкују е речиси како метропола во која има простор истовремено да се засолнат 30.000 луѓе. Ќе направиме интересни уредувања во подземните градови, со што ќе обезбедиме подобро да се разбере минатото“.

Градоначалникот на општина Кајмакли, Халит Елма, истакна дека подземното живеалиште во Кајмакли и неговата околина е уреден, и е посетуван од страна на стотици илјади туристи годишно.

Елма додаде дека планираат со употреба на лед осветлување на туристите да им понудат една поприродна атмосфера. Тој нагласи дека активностите за завршување на осветлувањето се во тек.

Самовилските оџаци се резултат на ерозијата од дождот и ветерот во текот на милиони години од формираниот мек слој на исфрлената лава и пепел на површината на Кападокија од планините Ерџијес, Хасан и Ѓулу. 

Подземните градови кои се користеле како засолништа, а се изградени со клесање на меките карпи од страна на луѓето што во далечното минато живееле во овој регион.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.