Турција

Митинг за поддршка на Кудс во Анкара: Ќе се бориме додека Кудс не биде слободен

„Се знае кој е сопственик и наследник на Кудс. Сувереноста на Палестина е палестинска држава. Терористот Израел е окупатор на тие територии“

Ekipa  | 17.12.2017 - Обновена : 18.12.2017
Митинг за поддршка на Кудс во Анкара: Ќе се бориме додека Кудс не биде слободен

Ankara

АНКАРА (АА) - Неколку илјади луѓе се собраа денес на митингот за Кудс кој се одржа во центарот на Анкара, и од кој е испратена јасна порака на противење на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Митингот се одржа на Плоштадот Анадолија, во заедничка организација на невладините организации Мемур-Сен, Хак-Иш, хуманитарната фондација ИХХ, Здружението на младите на Анадолија (АГД), Џиханнума и ОНДЕР.

Претседателот на Мемур-Сен, Али Јалчин, во своето обраќање на отварањето на митингот нагласи дека Израел не е име на држава, туку на една окупаторска терористичка организација. 

„Се знае кој е сопственик и наследник на Кудс. Сувереноста на Палестина е палестинска држава. Терористот Израел е окупатор на тие територии“, рече Јалчин, кој го опиша Кудс како свет аманет на муслиманите и на целото човештво.

Тој додаде дека Кудс им припаѓа на муслиманите и на исламот.

Истакнувајќи дека да се остави сам Кудс значи да се предаде светата кауза, Јалчин вели дека не треба да им се дозволи на ционистите да влегуваат во Месџид Ал-Акса.

„Нека слушнат САД, нека разбере Израел. Нема да молчиме сѐ додека Кудс не се ослободи“, додаде тој.

Од друга страна, претседателот на Хак-Иш, Махмут Арслан, најостро го осуди потегот на Вашингтон во врска со Кудс и истакна дека Кудс отсекогаш бил нивен вечен главен град: „Не може да се смени светоста и историскиот статус на Кудс“.

Споредувајќи ја Ал Акса со Каба и џамијата на Пратеникот Мухамед во Медина, Арслан рече дека муслиманите имаат обврска да ги штитат тие три места.

Арслан пренесе дека претседателот на САД, Донал Трамп, донел една свесна одлука, со цел обликување на наредниот век, тој додаде дека тоа би можело да биде судир на векот кој доаѓа.

„Оваа борба е борбата на векот. Треба да се подготвиме за борбата на векот кој претстои“, нагласи тој.

Учесниците на митингот извикаа пароли против Израел и САД и носеа знамиња на Турција и Палестина. На овој митинг покрај членови и претставници на турскиот парлемент, присуствуваше и Решат ел-Џунејди, чичкото на 16-годишниот Февзи ел-Џунејди кој стана симбол на отпорот во Кудс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın