Турција

Над 180.000 Сиријци се родени во Турција од почетокот на војната

Според турското Министерство за здравство, вкупно 177.568 сириски мајки се породиле во Турција во периодот меѓу април 2011 година и септември 2016

Ayşe Hümeyra Atılgan  | 19.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Над 180.000 Сиријци се родени во Турција од почетокот на војната

Ankara

АНКАРА (АА) - Речиси 180.000 Сиријци се родени во Турција во изминатите пет години, јавува Anadolu Agency (AA).

Според турското Министерство за здравство, вкупно 177.568 сириски мајки (бегалки од земјата зафатена со крвава војна) се породиле во Турција во периодот меѓу април 2011 година и септември 2016.

Во земјата веќе има околу 3 милиони сириски бегалци кои побегнаа од војната, повеќе од која било земја во светот, а за нив се потрошени 25 милијарди долари за помош и засолнување.

Меѓу бегалците, над 1 милион се деца, со што Турција е прва на листата од земји во светот што згрижиле деца бегалци.

Ваквата одговорност вклучува не само нивно сместување, туку и здравствена нега, како и овозможување едукација и други услуги.

Бесплатна здравствена грижа за бегалците нудат осум теренски болници и 65 здравствени центри во бегалските кампови.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.

Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица загинаа, а над 10 милиони лица се раселени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın