Турција

Началникот на Генералштабот на турската војска отпатува во посета на Русија

Главната тема на московскиот состанок на челниците на турските и руските вооружени сили ќе биде регионалната безбедност, со посебен акцент на најновите случувања во Сирија

Sarp Özer  | 18.01.2018 - Обновена : 18.01.2018
Началникот на Генералштабот на турската војска отпатува во посета на Русија

Ankara

АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската армија генерал, Хулуси Акар, отпатува во официјална посета на Русија, каде што ќе се состане со началникот на Генералштабот на Руската армија, Валери Герасимов, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Москва ќе се одржи средба меѓу челниците на турските и руските вооружени сили, а ќе присуствува и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан.

Од турскиот Генералштаб е најавено дека главната тема на состанокот ќе биде регионалната безбедност со фокус врз развојот на настаните во Сирија и мировните процеси што се случуваат во Астана и Женева.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın