Турција

Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани вкупно 1.829 терористи

Турската војска и силите на сириската опозиција го стегаат обрачот околу центарот на Африн, кој под окупација веќе шест години го држат терористите на ПЈД и ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК

Seyit Ahmet Aytaç  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани вкупно 1.829 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во пограничното подрачје на Африн, Сирија, неутрализираа вкупно 1.829 припадници на терористичката организација ПКК/КЦК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералштабот на турската Армија објави дека турските сили во изминатите 24 часа уништија неколку терористички упоришта. Во соопштението се наведува дека операцијата се одвива според планираното.

Турската војска и силите на сириската опозиција го стегаат обрачот околу центарот на Африн, кој под окупација веќе шест години го држат терористите на ПЈД и ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера од Анкара изјави дека турските сили продолжуваат со одлучната борба против тероризмот, сè до уништување на последниот терорист.

Во изминатиот месец во операцијата „Маслинова гранка“, од терористите се ослободени повеќе од 90 точки, меѓу кои еден центар на град и 68 села во подрачјето на Африн.

Станува збор за сириски пограничен регион во кој Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од 20 јануари ја спроведуваат операцијата за неутрализација на терористичките елементи.

Операцијата се спроведува во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın