Турција

Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани над 1.610 терористи

Операцијата „Маслинова гранка“ започна на 20 јануари со цел расчистување на терористите ан ПЈД/ПКК и ДЕАШ од Африн

Handan Kazancı  | 18.02.2018 - Обновена : 19.02.2018
Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани над 1.610 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Вкупно 1.614 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ се неутрализирани од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, соопшти денес турскиот Генералштаб, пренесува Anadolu Agency (AA).

Операцијата „Маслинова гранка“ започна на 20 јануари со цел расчистување на терористите ан ПЈД/ПКК и ДЕАШ од Африн.

Операцијата има за цел да ја осигура безбедноста и стабилноста долж турската граница и регионот, како и да го заштити сириското население од угнетувањето и суровоста на терористите.

Операцијата е во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот.

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Цел на операцијата се исклучиво само терористите и нивните позиции, при што се води исклучително внимание да не им се наштети на цивилите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın