Турција

Ердоган: Обидот од 15 јули беше со цел да се окупира нашата земја

„Согледувајќи го исходот, мојот народ е благороден народ, тој е свет народ, многу одлучен народ"

Sinan Uslu  | 29.09.2016 - Обновена : 30.09.2016
Ердоган: Обидот од 15 јули беше со цел да се окупира нашата земја

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Претседателската палата во Анкара се обрати на 27. Состанок на претставниците на локалните месни заедници, на кој учествуваа претставници од подрачјата на Адијаман, Анкара, Артвин, Болу, Бурса, Чанаккале, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Испарта, Карабук, Кастамону, Киршехир, Нигде, Одру и од Самсун, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање, претседателот Ердоган истакна дека: „Основна цел на оние што стојат зад проектот и оние што го спроведоа неуспешниот обид за државен удар од 15 јули, е да ни го одземат и она што во периодот од 1912 до 1923 година падна на една петина. Сакаа од рацете да ни ја одземат последната петтина од земјата. Овој народ не им ја отстапи таа земја“. „Согледувајќи го исходот, мојот народ е благороден народ, тој е свет народ, многу одлучен народ и она што го зборуваа „луди Турци“, тој е токму тој народ. Борбата против обидот за државен удар на 15 јули претставува втора ослободителна борба на турскиот народ. Тоа треба така да се запамети“.

Претседателот Ердоган понатаму вели: „Длабоко сум трогнат од она што досега го видов, или она што ми го кажаа моите пријатели од нивните посети на семејствата на нашите загинати херои, за нивниот цврст и свечен став. Државата сега има потреба за рачистување на продолжетоците на терористичките органи во неа кои помогнаа во извршувањето на обидот за државен удар. За тоа е потребно време. Во моментов ние се бориме со времето. Ситуацијата е толку длабока, толку проблематична, што периодот од три месеци не е доволен. Затоа Советот за државна безбедност вчера ѝ предложи на Владата да биде продолжена вонредната ситуација за уште три месеци“.

- „Народот беше цел“ -

„Во последните 14 години, Турција е изложена на голем број предавства, меѓу кои ова на ФЕТО зазема посебно место“, истакна претседателот Ердоган.

„Во претходните обиди за преврат, цел бевме ние, власта, а народот беше погоден од настаните што се случуваа. Овојпат, заедно со нас цел на пучистите беше и народот, државата и демократијата“, рече Ердоган.

Во продолжение, претседателот на Турција го кажа следното: „На 15 јули, во униформите на Турските вооружени сили беше инфилтрирана група пучисти кои се обидоа да извршат државен удар. Насилството што го спроведоа пучистите против нашиот народ, активностите и методите што ги користеа истовремено на 15 јули претставува терористички напад. Тие сметаа дека со разновидното оружје, авионите и хеликоптерите ќе успеат во својот план. На што тие не водеа сметка? Дека е можно народот да излезе на улиците, да ги исполни плоштадите, да излезе на аеродромите, и што би направиле ние во тој случај“.

- Спроведување на вонредна состојба -

Претседателот Ердоган изјави: „Воведувањето на вонредната состојба е со цел да се овозможи поефикасна борба против терористичките организации ФЕТО и ПКК. Главната опозициска партија изјави: 'Наместо вонредната состојба, треба на Парламентот да му се остави со своите рутински работи да ги реши преостанатите проблеми'. Јас не се сложувам со таа констатација“.

„Вонредната состојба во Франција, во почетокот беше воспоставена на три месеци, па продолжена за уште три и последното продолжување е во рок од 6 месеци, што значи дека вонредната состојба во Франција е во траење од една година. Дали некој ја запраша Франција: 'Зошто прогласивте вонредна состојба во траење од една година?' На нашите министри им советуваат: 'Вонредна состојба од една година не е добра за Турција. Завршете ги овие три месеци и немојте да ја продолжувате'. Почекајте, бидете трпеливи. Можеби ниту 12 месеци нема да бидат доволни“, изјави Ердоган.

- „Насоката ја одредува власта на оваа држава“ -

Претседателот Едроган изјави: „Никој не може нам да ни дава распоред, никој не може да ни го исцртува патот по кој ќе одиме. Тој пат го одредува владата на оваа држава. Сега некои си земаат за право да ни даваат правец. Вие, кога станавте пријатели со Турција, и ѝ ја дадовте потребната поддршка? Сите тие очекуваа државниот удар да биде успешен. Сите тие информации дојдоа до нас и доаѓаат. Имаше такви кои се радуваа на овој обид, но Господ и мојот народ не им го дадоа тоа задоволство“.

Турскиот претседател во врска со зголемениот интензитет на тероризмот го рече следното: „Зголемениот број на активности на ПКК е со цел да се намали притисокот врз ФЕТО и Сирија, со што Турција ќе го оттргне своето внимание од Сирија“.

- „Стави им некоја екстра пара в џеб, и тие ќе ти го дадат саканиот кредитен рејтинг“ -

Турскиот претседател во врска за одлуката на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ во врска со Турција изјави: „Нека го намалат кредитниот рејтинг колку што сакаат, тоа не е реалноста за Турција. Турција продолжува со инвестициите, продолжува со својот развој, продолжува да се зајакнува. Вие сте далеку од реалноста на Турција. Стави им некоја екстра пара в џеб, и тие ќе ти го дадат саканиот кредитен рејтинг. Тие работат на тој начин. Всушност, знаеме и од каде доаѓаат инструкциите. Ние секогаш ќе ја зборуваме вистината“.

- „Петнаесетти јули ќе биде прогласен за ден на хероите и воените ветерани“ -

Турскиот претседател Ердоган соопшти: „Вчера на Советот за национална безбедност беше донесен предлог 15 јули отсега да се слави како 'Ден на демократијата и независноста', Ден на сеќавање на загинатите херои и воените ветерани“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın