Турција

Петек: Извештајот на комисијата потврди дека зад обидот за пуч стои ФЕТО

Решат Петек, претседател на парламентарната Комисија за истрага, за обидот за државен удар во Турција, соопшти дека извештајот на комисијата јасно покажува оти зад обидот за пуч стои терористичката организација ФЕТО

Atakan Çelik  | 26.05.2017 - Обновена : 27.05.2017
Петек: Извештајот на комисијата потврди дека зад обидот за пуч стои ФЕТО

TBMM

ФЕТО.АНКАРА (АА) - Решат Петек, претседател на парламентарната Комисија за истрага, за обидот за државен удар во Турција, соопшти дека извештајот на комисијата јасно покажува оти зад обидот за пуч, кој се случи на 15 јули минатата година, стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Собраните докази и документи укажуваат на фактот дека Фетула Ѓулен е измамник и извршил кривични дела од тој вид. Дури и неговиот привилегиран пасош што го добил порано е издаден врз основа на фалсификувани документи. Така дошол и до пензија. Информациите и документите до коишто дојде комисијата ги потврдуваат сите измами“, појасни Петек.

Тој исто така изјави дека системот на разузнавачките структури моментално не е на највисоко ниво и оти се работи на неговото унапредување.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın