Турција

По обидот за пуч во Турција: Досега криминалистички обработени 168.801 лице, уапсени се 50.504

Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, изјави дека од обидот за пуч на 15. јули 2016 година, досега е направена криминалистичка обработка на повеќе од 168.801 лице, од кои 50.504 имаат статус на уапсени

Ömer Ertuğrul  | 07.07.2017 - Обновена : 08.07.2017
По обидот за пуч во Турција: Досега криминалистички обработени 168.801 лице, уапсени се 50.504

Sivas

ЈОЗГАТ (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, изјави дека од обидот за пуч на 15. јули 2016 година, досега е направена криминалистичка обработка на повеќе од 168.801 лице, од кои 50.504 имаат статус на уапсени, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Боздаг, кој престојува во централниот турски град Јозгат, се осврна на активностите за апсење и процесуирање на лицата поврзани со минатогодишниот обид за пуч.

„Досега е извршена криминалистичка обработка на повеќе од 168.801 лице. Статус на приведени моментално имаат 615 лица, а во тек е потрага по 6.069 лица. Така што, тие се во бегство и за нив е распишана потерница“, изјави Боздаг и додаде:

„Најмалку 50.504 лица се уапсени, 48.371 се пуштени на слобода со мерки на забрана. Исто така, најмалку 433 лица се пуштени на слобода без никакви мерки за забрана“.

Терористичката организација ФЕТО во седумдесеттите години на минатиот век почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.