Турција

Предупредување на Турција за евентуалниот влез на режимските сили во Африн

„Каква било одлука на сирискиот режим да испрати сили во Африн со цел да ја поддржи терористичката организација ПЈД/ЈПГ, или каков било чекор во таа насока, ќе има катастрофални последици за регионот“

19.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Предупредување на Турција за евентуалниот влез на режимските сили во Африн

Ankara

АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, изјави дека досега во операцијата „Маслинова гранка', која ја спроведуваат турските сили во Африн, Сирија, неутрализирани се 1.651 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).

„Со денешниот ден, до 13:00 часот по локално време, неутрализирани се 1.651 терорист. Оваа акција решително ќе продолжи сè додека во регионот не биде неутрализиран и последниот терорист,“ рече Боздаг пред состанокот на турската Влада во Анкара.

Тој истакна дека наводите на сириската државна новинска агенција за подготовувањето на прорежимските сили да влезат во Африн се нереални, додавајќи дека ваквите тврдења не се потврдени од страна на официјални лица.

„Иако сириската државна новинска агенција САНА тврдеше дека некои сили, поврзани со сирискиот режим, ќе влезат во Африн, таа вест не ја потврдија официјалните власти. Тоа е нереално и далеку е од стварноста“, рече Боздаг.

Тој нагласи дека таквата постапка би предизвикала катастрофални последици за целиот регион.

„Каква било одлука на сирискиот режим да испрати сили во Африн со цел да ја поддржи терористичката организација ПЈД/ЈПГ, или каков било чекор во таа насока, ќе има катастрофални последици за регионот“, рече Боздаг.

Да потсетиме, сириската државна новинска агенција САНА претходно наведе дека прорежимските сили ќе влезат во Африн, северозападна Сирија, каде што турските сили водат операции против терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın