Турција

Турските воздухопловни сили уништија 45 новооткриени позиции на терористите во Африн

Турскиот Генералштаб соопшти дека авионите на турските воздухопловни сили уништија 45 цели во текот на операцијата „Маслинова гранка“

Sarp Özer  | 21.01.2018 - Обновена : 21.01.2018
Турските воздухопловни сили уништија 45 новооткриени позиции на терористите во Африн

Ankara

АНКАРА (АА) - Денеска, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, турските водухопловни сили изведоа нови жестоки напади врз позициите на терористичката ПЈД/ПКК во сирискиот град Африн и уништија најмалку 45 цели, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералштабот на турската војска соопшти дека 32 авиони на турското воздухопловство денес гаѓаа и уништија вкупно 45 новооткриени терористички позиции во Африн, истакнувајќи дека се работи за терористички засолништа, магацини за муниција и вооружени позиции.

„Сите авиони безбедно се вратија во базите по извршените задачи. Операцијата продолжува според планот. Конкретна цел на нападите во рамките на операцијата ‘Маслинова гранка’ на теренот се терористите и нивните позиции, засолништата, фонталните линии, вооружените цели, возилата и опремата, а се преземаат максимални мерки за заштита, со цел да не му се наштети на недолжното цивилно население”, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Во соопштението се вели дека турските сили вчера ја започнаа операцијата ‘Маслинова гранка’ во Африн со цел воспоставување на безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.

Во соопштението исто така се наведува дека операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Турција во март минатата година успешно ја заврши семуммесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“ на северот од Сирија и го исчисти подрачјето од терористичките елементи, а вчера турските сили започнаа слична операција во Африн, кој е окупиран од страна на терористите на ПЈД/ПКК.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без судири, им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Тој стана еден од главните центри на таа терористичка организација.

Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат од 8 до 10 илјади терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија. ПКК од средината на 1980-те години води терористичка кампања против Турција, и досега во тие терористички напади животот го загубија околу 40 000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.