Турција

Турција: Барањата на Германија се неприфатливи

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Германија го игнорира фактот што членовите на терористичките организации ПКК и ФЕТО слободно се движат низ нејзината територија

Meltem Bulur  | 20.07.2017 - Обновена : 20.07.2017
Турција: Барањата на Германија се неприфатливи

Ankara

АНКАРА (AA) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Германија го игнорира фактот што членовите на терористичките организации ПКК и ФЕТО слободно се движат низ нејзината територија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Германија од една страна игнорира дека членовите на терористичките организации ПКК и ФЕТО, чија мета беше опстојноста на нашата држава, слободно се движат на нејзината територија, а од друга страна упатува неприфатливи барања, на приведените или уапсените лица, обвинети за тероризам во Турција, да не им се суди или да бидат ослободени", се наведува во соопштението.

Се напоменува дека е Германија пријателска и сојузничка земја која имала блиски врски со Турција низ историјата, и се наведува дека во последно време односите на двете земји минуваат низ сериозна криза.

Исто така се додава дека причината за спомнатата криза е ставот на Германија кој се гледа преку двојните стандарди кон Турција.

На крајот се напоменува дека односите на Турција и Германија мора да бидат воспоставени врз основа на меѓународно прифатени норми и принципи.

„Се надеваме дека Германија ќе ги сфати нашите оправдани очекувања во врска со борбата против тероризмот и прашањето на безбедноста на Турција и заедничките интереси ќе го гледа од агол на стратешка визија. Нашите односи мора да бидат воспоставени на основа на меѓународно прифатените норми и принципи, а не на основа на уцени и закани", се наведува во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Германија Сигмар Габриел денеска во Берлин изјави дека е потребно неговата земја да ја ревидира политиката кон Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.