Турција

Турција: Во автобус пронајдени 103 мигранти од Авганистан и Пакистан

Мигрантите се наоѓаа во автобус, кој беше оставен покрај патот, откако се расипал, додека пак полицијата трага по возачот

Kemal Ozdemir  | 23.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Турција: Во автобус пронајдени 103 мигранти од Авганистан и Пакистан

Erzincan

ЕРЗИЧАН (АА) - Во Ерзинчан, провинција во североисточна Турција, беа фатени 103 мигранти од Авганистан и Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Мигрантите се наоѓаа во автобус, кој беше оставен покрај патот, откако се расипал, додека пак полицијата трага по возачот.

Екипите на жандармеријата во Ерзинчан добиле информација дека автобус стои во близина на Сакалтутан.

Припадници на силите за безбедност истакна дека мигрантите во Турција влегле илегално, а дека возачот на автобусот побегнал.

Истрагата е во тек а се трага по возачот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın